НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија го почна скрининг процесот – Вархеји порача дека „нема губење ниту момент и веднаш почнуваме со „акито“

0
By Sashko on July 19, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: euronews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска е важен момент за сите и влегуваме во нови односи. Не сакаме повеќе да губиме ниту еден момент и веднаш почнуваме со „Акито““, порача еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји на воведниот состанок во Брисел со кој беше означен почетокот на скрининг процесот со Албанија и Северна Македонија.

„Скрининг процесот што го почнуваме денеска е првиот чекор што го правиме. Процесот се темели на добрата работа што ја завршивме досега. За ова се подготвувате со години и можам да кажам дека ќе бидеме со вас и дека ќе ја понудиме секоја помош што ќе ви треба“, рече Вархеји.

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во своето обраќање на македонски јазик во седиштето на ЕУ, истакна дека без помошта и поддршката на еврокомесарот Вархеји денеска немаше да бидеме тука.

„Патувањето што заеднички го почнуваме денеска нема да биде лесно, но знаеме дека нема да бидеме сами на тој пат. Сметаме на Европската комисија и да имаме дополнителна помош преку европските фондови. Ова е момент кој го чекаме веќе две децении, 21 година по потпишувањето на Спогодбата за асоцијација и стабилизација и 17 години по добивањето кандидатски статус заслужено сме денеска тука. Никогаш не отстапивме од транспонирање на европското законодавство“, рече Маричиќ.

Веруваме, посочи тој, дека новата методологија ќе даде нов поттик на пристапните преговори.

„Очекувам да ја покаже и докаже својата основна цел динамизирање на пристапните преговори. За нас е многу важно да знаеме како ќе се примени. Би сакале да предложиме дополнителни состаноци на техничко ниво за вашите служби детално да информираат како ќе се одвива новата методологија за скрининг за да знаеме како и што треба да направиме во годините што следат. Убеден сум дека, врз досега научените лекции, ќе може да се подготвиме подобро за скринингот“, истакна Маричиќ.

Најави дека во наредните недели ќе се финализира и операционализира стратегијата за преговарање донесена во 2018 година. Како што кажа, ќе се зголемат и капацитетите за преведување на македонски јазик и ќе се создадат механизми за навремена комуникација со македонските граѓани.

„Нашата заложба да станеме полноправна членка на ЕУ никогаш не била доведена во прашање и убеден сум дека со скринингот ќе се засили. Се надевам дека и ЕУ ќе биде подготвена да нè пречека. Почнуваме процес кој ќе бара ангажман на целото општество. Процес важен и не многу лесен, но кој ќе заврши со членство во ЕУ што е наш сон“, истакна Маричиќ.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи го оцени денешниот ден како историски кој долго го очекуваме и во неколку владини состави работевме напорно за да се оствари.

„Патот до тука не беше нималку лесен, но нема да се враќаме на минатото. Нашиот поглед е свртен кон иднината и обврските кои треба да ги исполниме. Од нас ќе зависи да ги мобилизираме нашите ресурси за што побрзо да дојдеме до европското семејство кон кое цивилизациски припаѓаме. Вашата поддршка и драгоцени упатства од сега ќе бидат уште попотребни. Ве уверувам дека нашиот тим е подготвен да ги исполни сите поглавјата“, рече Османи.

На македонските граѓани им порача дека, како и досега, нема да ги изневерат и секојдневно ќе одговараат на нивните барања и грижи и додаде дека и досега немало компромиси за националното, етничкото и човечкото достоинство.

„Билатералните прашања кои не се копенхашки критериуми нема да бидат дел од Преговарачката рамка“, рече Осамни и посочи дека земјава ќе остане доследна на спроведувањето на Преспанскиот и на Договорот за добрососедство со Бугарија. Тоа, како што кажа, го очекува и од другите партнери.

Вети дека во овие времиња полни со неизвесности цврсто ќе останеме на заедничката европска политика како што правевме и досега.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

ВЕСТИ August 12, 2025

Украинските Вооружени сили го задржуваат непријателот на првата борбена линија – особено во правецот кон…

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.