Владата в четврток се очекува да прогласи нова кризна состојба за електричната и топлинската енергија што треба да стапи на сила од 1 септември, пренесува МИА, повикувајќи се на владини извори.
Одлуката беше најавена од министерот за економија, Крешник Бектеши на последната прес-конференција со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Од Владата уверуваат дека ќе нема рестрикции на струја во престојниот зимски период.
„Рестрикции на струја нема да има, ниту се очекуваат ако сé оди според планот на ЕСМ“, изјави Бектеши на прес-конференцијата со директорот на ЕСМ на која ги презентираше владините мерки за штедење во пресрет на зимата.