НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Распустот“ на пратениците е при крај – координација во вторник, на работа од среда

0
By Sashko on August 24, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците од наредната недела треба да се вратат на обврските во Собранието по летните одмори. Според најавите, во вторник на 30 август ќе се одржи координативна средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи и ќе се договори динамиката на работа за неделата и периодот што доаѓа.

Меѓу првите активности во Собранието најверојатно ќе биде продолжување на работата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за изборот на уставните судии за да може што поскоро да се пополнат испразнетите места во Уставниот суд, како и точки од дневен ред на заостанати седници, вклучувајќи и гласање по одредени закони за што немаше кворум пред одморите.

Пред одморите, на последната средба со новинарите, претседателот на Собранието Џафери информираше дека неделата по враќањето од редовниот одмор ќе заседаваат комисиите и ќе се одржат продолженија на одредени седници, како и дека првата нова редовна седница ќе биде закажана на 13 септември.

Џафери тогаш нагласи дека доколку има потреба, нова седница ќе биде закажана и порано. Според информациите од Собранието, доколку Владата побара прогласување кризна состојба, Џафери може веднаш или до 1 септември да свика седница и одлуката да биде донесена.

Според информациите што беа споделени на таа средба, во овој мандат завршени се 54 седници, а незавршени 29. Точките што се на дневен на незавршените седници, како што објасни тогаш, Џафери не се поминати на собраниските комисии. Незавршени седници имаат и десетина собраниски комисии.

Пратениците на одмор заминаа официјално по Илинденските празници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

ВЕСТИ August 8, 2025

Значајниот европски акт за слобода на медиумите на ЕУ (ЕМФА) денеска стапи на сила, а…

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

August 8, 2025

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.