Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешното обраќањето по повод Денот на независноста, вети дека неговата земја ќе се бори „до крај“ против руската инвазија и нема да прави „никаква отстапка или компромиси“.
„Не нѝ е грижа каква војска имате. Ние се грижиме само за нашата земја. Ќе се бориме за неа до крај“, посочи Зеленски во видео-обраќањето.
Инвазијата на Русија врз Украина почна пред шест месеци, а утрово одекнаа експлозии во Харков, североисточниот дел на Украина, како и во централните градови Запорожје и Днепар, соопштија локалните власти.