НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинение против скопјанец чиј автобус преку 20 пати минал граница со фалсификувана лиценца

0
By Sashko on September 5, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
ОЈО
ОЈО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство од Скопје денеска поднесе обвинение против 41-годишен скопјанец, управител на фирма од Рашче, бидејќи негов автобус, во текот на 2021 година, преку 20 пати ја преминал државна граница со лажна лиценца за вршење на меѓународен патен сообраќај.

„По спроведена опсежна претходна постапка и направените детални проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело – Фалсификување исправа“, известуваат од ЈО.

Обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал лажна јавна исправа – Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај како вистинска.

„Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а изготвената лажна јавна исправа управителот им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини“, велат од ЈО.

Оттаму посочуваат дека со опишаните дејствија обвинетиот сторил кривично дело – Фалсификување исправа по чл. 378 ст.3 вв со ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик, а правниот субјект сторил кривично дело – Фалсификување исправа по чл. 378 ст. 4 вв со ст.3 вв со ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик.

„Прибраните докази во текот на претходната постапка, кои се однесуваат на постапувањето на царинските службеници на граничните премини задолжени за контрола на изводите од лиценци, Основното јавно обвинителство Скопје ќе ги достави на надлежно постапување на Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, соопштуваат од ЈО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

ВЕСТИ August 8, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека примирјето меѓу Русија и Украина „зависи“ од…

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.