НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Федерални агенти заплениле телефони на двајца соработници на Трамп, издадени 40 судски покани за истрагата од 6 јануари

0
By Sashko on September 13, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за правда ги заплени телефоните на двајца соработници на Доналд Трамп и издаде околу 40 судски покани во значителна ескалација на истрагата од 6 јануари, која ги испитува напорите на поранешниот претседател да ги поништи изборите во 2020 година, рекоа вчера луѓе запознаени со истрагата, пренесува „Њујорк тајмс“.

Федералните агенти со судски овластени налози за претрес минатата недела ги одземаа телефоните  од најмалку две лица: Борис Епштејн, внатрешен советник кој помага во координирањето на правните напори на Трамп и Мајк Роман, стратег на кампањата, кој истовремено беше директор на операциите на денот на изборите за Кампањата на Трамп во 2020 година, велат луѓе запознаени со истрагата.

До ваквиот развој на настаните дојде кога Комитетот за правосудство на Сенатот објави дека планира да ги истражи наводите дека Министерството за правда под раководство на Трамп се обидело да ја искористи канцеларијата на американското обвинителство во Менхетен за да го поддржи политички и да ги следи неговите критичари. Наводите се во новата книга на Џефри С. Берман, кој беше американски адвокат за јужниот округ на Њујорк од 2018 до јуни 2020 година.

Министерството за правда соопшти дека е отворено за прифаќање на еден од предложените кандидати на Трамп за работа како независен арбитер за преглед на документите запленети од неговата резиденција во Флорида минатиот месец од ФБИ.

Во меѓувреме продолжува посебната судска борба за тоа како потенцијалниот „специјален мајстор“ да ги прегледува одземените документи.

Извор: civilmedia.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.