НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Претседавањето со ОБСЕ e чест, но и обврска да ја покажеме нашата вистинска слика

0
By Sashko on September 15, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Можноста Северна Македонија да претседава со ОБСЕ во 2023 година е признание на успесите на државата која ги постигна своите стратешки цели преку нејзин уникатен модел на развој, во тежок регионален контекст. Тоа е обврска, но и привилегија која ќе ја покаже нашата вистинска слика пред светот, кои сме кои се нашите вредности – мир, стабилност, владеење на право, демократија и тоа преку дијалог и компромис, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи на настанот „Северна Македонија и ОБСЕ: 30 години партнерство“.

Според него, не случајно поминала толку лесно нашата кандидатура со консензус од 57 земји учеснички на министерскиот совет во Тирана, и тоа дошло како признание на успесите на државата.

„Северна Македонија е држава која ги постигна своите стратешки цели и еден уникетен модел на развој на државата и во тоа во тежок регионален контекст, во тешко соседство, во комплицирана внатрешна композиција. Таа денеска е уникатен модел на функционална мултиетничка демократија, пример за култура на компромис за помирување со соседите, земја која има витална демократија и може тоа свое искуство и капацитет со претседавањето да го пренес на оваа важна платформа на ОБСЕ чија суштина и длабока цел е да го обезбеди и зачува мирот“, рече министерот Османи.

Според него, ова е една општа општествена државна обврска која, како што потенцира, не само што е важна обврска во важно време, туку и привилегија која ќе ја покаже нашата вистинска слика пред светот, кои сме, кои се нашите вредности.

„Тие секогаш биле мир, стабилност, владеење на право, демократија и тоа преку дијалог и компромис, што и е суштината на ОБСЕ. Северна Македонија е парадигма на тие вредности и во едно најтешко време ни се дава таа можност да претседаваме. Јас сум сигурен дека со заеднички напори ќе оставиме наследство дека Организацијата е важна и кредибилна и ќе може да влијае на конкретни човечки судбини бидејќи ОБСЕ е е за луѓето и тоа ќе биде нашиот фокус“, истакна Османи.

Тој вели дека за успехот на државата говори фактот што од консуматор на безбедносни услуги на оваа Организација во 1992 година, неможност веднаш да стане членка и двегодишен статус на набљудувач, денес има привилегија и признание да претседава со најголемата безбедносна регионална организација и да придонесува во европската безбедност, во, како што нагласи, период кога европската безбедносна архитектура е целосно разрушена и светот се соочува со агресија на една земја членка, над друга земја членка. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

ВЕСТИ August 8, 2025

Значајниот европски акт за слобода на медиумите на ЕУ (ЕМФА) денеска стапи на сила, а…

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

August 8, 2025

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.