Согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во последните 24 часа направени се 656 тестови, а регистрирани се 89 случаи од кои 26 се реинфекции. Пријавено е едно починато лице, а оздравени се 125 пациенти. Во моментот активни се 689 случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство.
Од новите случаи, од Скопје се 44, од Прилеп – седум, од Битола и од Велес – по шест, од Куманово, од Кавадарци и од Охрид – по четири, од Ресен – три, од Штип, од Кичево, од Гевгелија и од Крива Паланка – по два, од Струмица, од Кочани и од Струга – по еден.
Починатото лице е од Струмица на возраст од 71 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.161.598 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.075, бројот на оздравени пациенти е 331.865, а на починати е 9.521.