Привремено е запрен откупот на млеко од 180 фарми во источна Хрватска. Млекарите се шокирани од оваа вест, а некои тврдат дека млекото воопшто не им е тестирано.
Врз база на резултатите од паралелната анализа на суровото млеко на афлатоксин, како и додатните анализи од независните лаборатирии, Дукат привремено го запре откупот на свежо млеко од фармите каде е потврдено зголемено ниво на афлатоксин.
Од Дукат информираат дека откупот ќе продолжи штом фармите ќе можат да испорачуваат здраво млеко.