Денеска по кусо боледување во седумдесет и деветтата година од животот почина истакнатиот македонски диригент и композитор.
Лековски припаѓа на првата генерација целосно едуцирани македонски музичари, кои својата уметничка дејност ја почнаа кон крајот на педесетите години на минатиот век. Лековски беше постојан диригент на Македонската опера и нејзин директор, а потоа беше директор на Македонската филхармонија. Под неговото диригентско водство се изведени голем број опери („Норма“, „Травијата“, „Љуовен напиток“, „Кнез Игор“, „Аида“, „Трубадур“, „Дон Карлос“, „Севилскиот берберин“ и др.), како и многу оркестарски композиции.
Лековски диригирал на многу познати музички светски сцени со врвни оркестри и солисти. Како композитор своите инспирации најчесто ги црпел од фолклорот „Симфониски танци“ (1968) „Унитед“ (2001), а во својот композиторски третман посебен афинитет изразувал кон џезот, чии што стилски карактеристики се наоѓаат во неговото творештво.
Александар Лековски за својот уметнички придонес е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои наградата „Панче Пешев“ од СОКОМ во 1994 година и дрѓавната награда „11 Октомври“.
Комеморацијата по повод смртта на Александар Лековски ќе се одржу утре, со почеток во 11 часот, во Македонската опера и балет.