НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски најави предлог до Владата за бесплатна замена на возачки и сообраќајни дозволи до крајот на годинава

0
By Marija Todorovska on February 13, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На седница на Владата денеска ќе биде предложено решение со кое ќе се овозможи замената на возачките и сообраќајните дозволи да биде бесплатна до крај на годината, најави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

На новинарско прашање Ковачевски рече дека досега се сменети над 1,2 милиони патни исправи и над 550 илјади сообраќајни и возачки дозволи, објаснувајќи дека на досегашната бројка на изаддени документи влијаела двегодишната пандемија со мерки за дистанца која ги нарушила  каналите на снабдување и производствени процеси во фабриките за документациите.

– Секако дека тоа влијаеше. Она што е важно, исто така е дека голем дел од патните исправи се заменети. Секое ширење на паника и давање популистички изјави кои не се во насока на решавање на проблемот туку се некакво лично себе истакнување не носат ништо добро. Затоа пратеничката група на СДСМ вчера, а нормално и претседателот на Собранието кој сега е од нашата партија дојдоа веднаш до консензус со сите партии, за да се продолжи рокот на важењето на документите за внатрешна употреба и тоа се направи. Нашите министри денеска на седница на Владата ќе предложат решение со кое замената на возачките и сообраќајните дозволи до крајот на годината ќе биде бесплатно, на трошок на државата, за да може да се реализира тој процес до крајот на годината, рече Ковачевски, на новинарско прашање при посетата на Куманово.

Ковачевски се надева дека Министерството за внатрешни работи со своите управи и раководство ќе успеат навреме да набават обрасци за патните исправи, бидејќи, како што посочи, и тоа е сложен процес бидејќи не се произведуваат во нашата држава, туку во Германија, а со правилно организирање на процесот тој ќе заврши.

Посочи дека се работи за голема операција за замена на сите лични документи, која произлегува од меѓународен договор ратификуван во нашето Собрание и во Собранието на Грција.

-Би искажал и жалење во однос на она што граѓаните го поминуваат,  мора да се биде реален, бидејќи не е едноставно да се нема патна исправа. Меѓутоа, тоа е процес којшто ќе мора сите заедно да го изодиме. Исто така, се покажа уште еднаш дека не е добро да се даваат популистички и лажни изјави бидејќи ние бевме сведоци во текот на изминатите четири години дека каде што дел политичари кажуваа немојте да ги заменувате документите бидејќи ќе го врателе името, сега гледаме дека тие политичари станаа дел од Владата. Тие не велат дека ќе го вратат името назад и дека ќе го сменат Уставот. Таква изјава не слушнав, изјави Ковачевски

бесплатна замена на возачки дозволи Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.