НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одобрен првиот лек за замастен црн дроб

0
By Marija Todorovska on March 15, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) вчера го одобри лекот на „Мадригал фармацутикалс“ (Madrigal Pharmaceuticals) за третман на заболување на замастен црн дроб, познато како „неалкохолен стеатохепатитис“ (НАСХ). Ова е првиот третман што доби одобрение за состојбата, отворајќи можност за компанијата вредна милијарди долари.

НАСХ, од неодамна познат како „стеатохепатитис поврзан со метаболичката дисфункција“ (МАСХ), погодува околу 1,5 милиони луѓе само во САД, според проценките на компанијата. И, досега немало одобрен лек за него. Оралниот лек на „Мадригал“ ќе биде достапен под називот „Рездифра“ (Rezdiffra) почнувајќи од април, објави извршниот директор Бил Сиболд.

– Одобрувањето од ФДА означува пресвртница за пациентите, по низата неуспеси во изминатово десетлетие. Тоа ќе ја отвори вратата за терапија со лек што им е очајно потребен, изјави Лорејн Стил, управителка на Американската фондација за пациенти со заболен црн дроб.

Компанијата „Мадригал“ го цени лекот по годишна големопродажна цена од 47.400 долари. Аналитичарите проценуваат дека годишната продажба ќе надмине пет милијарди долари.

„Лекот на ‘Мадригал’ е одобрен за пациенти кои имаат НАСХ со фиброза или лузни кои напредувале до степен 2 или 3 по сериозност“, објави компанијата.

Акциите на „Мадригал“ пораснаа за 24 отсто до 301,99 долари во продолженото тргување на Волстрит.

Причините за НАСХ не се целосно позбнати. Најчесто ова заболување се поврзува со дебелина, хипотироидизам, дијабетес, високи нивоа на маснотии во крвта и слични здравствени проблеми. Предизвикува прекумерна акумулација на маснотии во црниот дроб, како и воспаление и лузни на тој орган. Фармацевтските компании „Акеро терапеутикс“, „89-био“, „Вајкинг терапеутикс“ и „Сагимет бајосајенсес“ спроведуваат слични испитувања на нивни лекови за болеста во средна и доцна фаза.

замастување на црн дроб лек Мадригал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.