Published: Tuesday, April 9, 2024 10:19
Пожар избувна претпладнево во Универзалната сала во Скопје. Од Центарот за управување со кризи информираат дека гори една од куполите на објектот и дека пожарникарите се на самото место и се обидуваат да го изгаснат пожарот.
На Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала лоцирана на Булевар „Партизански Одреди“, во Скопје.




