Проф д-р ЦанеТ. Мојаноски
Трето продолжение
Ако ја погледнеме дистрибуцијата според општина, може да се констатира дека од 15 општини се предложени 1069 или 63,74% од кандидатите за пратеници. Најбројни се предлозите на кандидатите од Битола со 129 или 7,69%од вкупниот број предложени кандидати на сите листи, потоа следи Карпош со 122 или 7,27% од кандидатите, Тетово со 84 или 5,01%, Аеродром со 82 или 4,89%, Кисела Вода со 81 или 4,83%, Прилеп со 76 или 4,53%, Центар со 75 или 4,47%, Велес со 63 или 3,76%, Ѓорче Петров со 57 или 3,40%, Чаир со 56 или 3,43%, Куманово со 55 или 3,28%, Гази Баба со 51 или 3,04%, Кавадарци со 50 или 2,98%, Бутел со 45 или 2,68% и Штип со 43 или 2,56% од вкупниот број прифатени кандидати. Останатите 608 или 36,26% се од останатите 64 општини во државата.
Основни обележја на кандидатите за пратеници:
Податоците покажуваат дека во 22 општини, како што се Битола, Карпош, Тетово, Аеродром, Кисела Вода, Прилеп, Центар, Велес, Ѓорче Петров, Чаир, Куманово, Гази Баба, Кавадарци, Бутел, Штип, Гостивар, Кичево, Охрид, Струмица, Струга, Кочани и Радовиш се предложени 1282 или 76,45% од кандидатите. Значи повеќе од две третини и повеќе од четири петини се од кандидатите за пратеници се од овие општини. Втората група од 16 општини (Неготино, Брвеница, Виница, Студеничани, Гевгелија, Босилово, Сарај, Теарце, Шуто Оризари, Долнени, Сопиште, Чашка, Дебар, Илинден, Јегуновце и Липково) предложени се 389 или 23,20% кандидати за пратеници. И третата група од 42 општини (Боговиње, Могила, Ресен, Желино, Крива Паланка, Берово, Врапчиште, Демир Хисар, Конче, Македонска Каменица, Ново Село, Петровец, Свети Николе, Валандово, Демир Капија, Дојран, Зелениково, Кратово, Кривогаштани, Крушево, Пробиштип, Вевчани, Делчево, Карбинци, Македонски Брод, Росоман, Чешиново – Облешево, Чучер – Сандево, Арачиново, Василево, Маврово и Ростуше, Новаци, Центар Жупа, Пласница, Ранковце, Старо Нагоричане, Богданци, Градско, Дебарца, Зрновци, Лозово и Пехчево), предложила 60 или 3,58% од кандидатите.
Овие податоци упатуваат дека од секоја општина има најмалку по еден кандидат и може да се констатира дека вкупните листи како целина нудат можност за избор на пратеници преку кои може да се постигне регионална претставеност.
Дистрибуција на кандидатите според општината од која доаѓаат:
Податоците упатуваат на тоа дека најбројни се предложените кандидати од Битола со 129 или 7,69% од вкупниот број 1677 кандидати, потоа се кандидатите од општина Карпош со 122 или 7,27% од предложените кандидати. Во првите 10 според зачестеноста предложени кандидати се од општините Тетово со 84 или 50,01%, Аеродром со 82 или 4,89%, Кисела Вода со 81 или 4,83%, Прилеп со 76 или 4,53%, Центар со 75 или 4,47%, Велес со 63 или 3,76%, Ѓорче Петров со 57 или 3,40%, Чаир со 56 или 3,34%, Куманово со 55 или 3,28%, Гази Баба со 51 или 3,04% и Кавадарци со 50 или 2,98% од предложените кандидати.
Втората група општини во кои се предложени над 20 кандидати, според зачестеноста на податоците го одржуваат следниот редослед: 45 или 2,68% се предложени од општината Бутел, 43 или 2,56% од Штип, 37 или 2,21% од Гостивар, по 35 или 2,09% од Кичево и Охрид, 34 или 2,03% од Струмица, 30 или 1,79% од Струга и по 21 или 1,25% се предложени од општините Кочани и Радовиш.
Во третата група на општини според зачестеноста на предложените кандидати повеќе од 10, а помалку од 20 се 16 општини, кои според зачестеноста на предлозите се 19 или 1,13% од Неготино, 18 или 1,07% се од Брвеница, по 16 или 0,95% се од Виница и Студеничани, 15 или 0,89% од Гевгелија, со по 14 или 0,83% се од Босилово и Сарај, со по 13 или 0,78% се од Теарце и Шуто Оризари, со по 12 или 0,72% од Долнени и Сопиште, до 111 или 0,66% од Чашка, со по 10 или 0,60% кандидати од општините Дебар, Илинден, Јегуновце и Липково.
Во четвртата група на предложените кандидати од општините се 9 или 0,54% од Боговиње, со по 8 или 0,48% од Могила и Ресен, со по 7 или 0,42% од Желино и Крива Планка, со по 6 или 0,36% се од Берово, Врапчиште, Демир Хисар, Конче, Македонска Каменица, Ново Село, Петровец и Свети Николе, со по 5 или 0,30% се кандидати од Валандово, Демир Капија, Дојран, Зелениково, Кратово, Кривогаштани, Крушево и Пробиштип, со по 4 или 0,24% кандидати од Вевчани, Делчево, Карбинци, Македонски Брод, Росоман, Чешиново – Облешево и Чучер – Сандево, по 3 или 0,18% кандидати се од Арачиново, Василево, Маврово и Ростуше, Новаци и Центар Жупа, со 2 или 0,12% кандидати се од Центар Жупа, Пласница и Ранковце, и со по 1 или 0,06% од предложените кандидати се општините Богданци, Градско, Дебарца, Зрновци, Лозово и Пехчево.
Најдобра илустрација за тоа е следниот графички приказ:
Може да се воочи дека најбројни се кандидатките од Битола 59 или 8,23%, потоа следуваат, од Карпош со 51 или 7,11%, Аеродром со 43 или 6,00%, Центар со 38 или 5,30%, Кисела Вода со 35 или 4,88%, Тетово со 34 или 4,74%, Гази Баба со 30 или 4,18%, Чаир со 28 или 3,91%, Ѓорче Петров со 27 или 3,77 %, Велес со 27 или 3,77%, Прилеп со 27 или 3,77%, Кочани со 26 или 3,63%, и Бутел со 20 или 2,79%.
Во втората група на општини зачестеноста на кандидатките е во распонот меѓу 10 и 19. Така може да се констатира дека по 19 или 2,65% од кандидатките се предложени во општините Струмица и Куманово, по 18 или 2,51% во Кавадарци и Охрид, 15 или 2,09% во Струга, 14 или 1,95% во Гостивар, 13 или 1,81% во Штип и 10 или 1,39% во Виница.
Третата група општини од кои се предложени кандидатките, а нивниот број изнесува помалку од 10 се вкупно 48 општини. Имено, 9 или 1,26 кандидатки се предложени од Брвеница, 8 или 1,12% од Радовиш, 7 или 0,98% од Јегуновце, по 6 или 0,84% кандидатки се предложени од Гевгелија, Неготино, Сопиште и Студеничани, 5 или 0,70% од Теарце, по 4 или 0,56 % од Шуто Оризари, Берово, Демир Капија, Долнени, Илинден, Липково и Свети Николе, по 3 или 0,42% од Сарај, Боговиње, Валандово, Врапчиште, Дојран, Желино, Карбинци, Могила, Петровец и Пробиштип, по 2 или 0,42 кандидатки од Босилово, Вевчани, Дебар, Конче, Кратово, Крива Паланка, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Ресен, Росоман и Чашка и по 1 или 0,14% кандидатки се од општините Василево, Дебарца, Демир Хисар, Зелениково, Кривогаштани, Крушево, Лозово, Маврово и Ростушe, Новаци, Пехчево и Чучер Сандево.
Четвртата група се општините од кои нема кандидирано кандидатки. Имено од Арачиново, Богданци, Градско, Делчево, Зрновци, Пласница, Ранковце, Старо Негоричане, Центар Жупа и Чешиново, нема кандидирано жени.
Што покажува оваа дистрибуција. Имено во 7 општини се предложени 290 или 40,45% од кандидатките, 185 или 25,80% се од 6 општини, 107 или 14,92% се од 8 општини. Во групата од 1 до 9 кандидати се вкупно 48 општини. Од 5 до 9 кандидатки се од 8 општини, во нив се предложени 44 или 6,14% кандидатки, од 2 до 4 кандидатки се од 22 општини со 14 или 1,95% кандидатки, во 11 општини се предложени по една кандидатка, односно 11 или 1,53% кандидатки.
Од досегашното излагање може да заклучиме дека бројот на политичките субјекти, на политичките партии и коалициите се доминантрни субјекти во кандидирањето на пратениците, дека слободната граѓанската иницијатива е присутна. Овде да укажеме дека во дебатите што се водат околу политичкото претставништво, а особено за оној облик конституиран со слободниот мандат, (иако практиката кај нас зборува дека тој е повеќе партиски отколку слободен грански мандат), е дискутабилна можноста или понагласената употреба на непосредната партиципација на граѓаните, освен во случаите кога тоа е опредлено со нормативните акти.