НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цртички за кандидатската понуда на парламентарните избори во мај 2024 година

0
By Marija Todorovska on May 2, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проф. д-р Цане Т. Мојаноски

Изборното однесување е сложен алгоритам, кој е условен од бројни детерминанти. Тој алгоритам настојува да ги идентификува факторите што го придвижуваат поединецот да излезе на избори, да донесе изборна одлука и да ја изрази сопствената суверена волја. Изборното однесување е сложена равенка со повеќе непознати, која, не е операционализирана во соодветен истражувачки инструмент, кој може да понуди резултат, кој е доволно релијабилен, проверлив и доволно точен за да може да се изведе прогноза, која ќе е надвор од концептот на веројатноста, а ќе е поблизок на условеноста на појавите и процесите. Таа определба, да се пронајде „волшебната“ формула, која ќе ги скрати изборните „маки и тегоби“ на субјектите што учествуваат во изборниот процес, не е пронајдена и дека сегашните сознајни и други помошни содржини и средства, што се на располагање го нудат просторот и дометите на очекувањата, односно на веројатно дозволеното ниво на очекување на резултатот. Без претензија да исцртуваме или нудиме модели за решение на загатките, во овој текст ќе актуализираме дел од дилемите при идентификацијата на детерминантите што на еден или друг начин, повеќе или помалку, влијаат на изборната одлука и на изборното однесување на избирачот.

Во овој текст, исто така, се осврнуваме на карактеристиките на предложените и прифатените листи на кандидатите за парламентарните избори кои се закажани за 8 Мај 2024 година. Од таму анализата е фокусирана на кандидирањето, како значаен елемент на изборната техника и обезбедувањето на останатите претпоставки за реализација на залагањата за непосредни и фер избори. Од тој аспект, треба да се промисли и претпостави колку од сегашната кадровска понуда и кои изборни преференции можат да се идентификуваат од карактеристиките на понудените кадровски потенцијали. Овде треба да укажеме дека податоците што се предмет на анализа имаат неколку обележја, што објективно, не создава можности за сите дилеми да се понудат гледишта кои ќе обезбедат поцелосни или нема доволно основи за изведување заклучоци што ќе можат да се препознаат меѓу граѓанството во македонските средини.

Изборите се процес на донесување одлуки, при што најчесто се врзува за состојби во кои граѓаните на општи, непосредни и фер избори, се определуваат за кандидатот или политичката партија и на тој начин го формираат претставничкото тело. Во современите демократски системи изборите се поврзани и со механизмот преку кој се пополнуваат мандатите во законодавните тела и во други органи, како што се извршните и судските органи. Покрај на државно ниво, избори се спроведуваат и во други субјекти, во кои се создаваат можности членовите на организациите и телата да донесуваат одлуки, согласно целите и нивната волја.

Кадровското профилирање на кандидатските листи амалгам за изборната одлука

Кадровското профилирање на политичките партии и другите субјекти што учествуваат во изборниот процес, посебно во фазата на кандидирањето е значајна активност, која влијае на поттикнувањето и мотивирањето на избирачите и фокусирањето на изборот за кандидатска листа и за кандидатите во неа. Има бројни студии што се занимаваат со изборната мотивација. Овде нема да се занимаваме со бројните прашања и дилеми, туку врз основа на понудената емпирија да упатиме на некои од факторите што влијаат на изборната мотивација.

Изборната мотивација е поливалентна структура, која е детерминирана од определен број фактори кои влијаат на одлуката да се гласа и, доколку се донесе таква одлука, клучно е да се идентификува кои сѐ преференции влијаеле на граѓанинот да се определи за определена партија или кандидат, да ѝ го довери својот глас, односно да гласа.

Изборната мотивација по правило се однесува на причините поради кои поединецот својот глас го дава на одредена партија или кандидат. Меѓу факторите, во нај општа смисла се потенцира целно-рационална мотивација, која ја поврзуваат со довербата што ја има избирачот во општите цели и политиката на субјектот што го преферира, или со кој се идентификува, таквите цели и политики ги смета за очекувани, прифатливи и му ја зајакнуваат довербата во него. Потоа се зборува за емоционално-афективна мотивација според која избирачот постапува во согласност со одредена политика поради позитивните чувства или наклонетоста што ја има кон политичкиот субјект. Референтната мотивација е поврзана со определена референтна група, затоа тој ја прифаќа политиката и постапува во согласност со неа затоа што верува и ги прифаќа ставовите и однесувањето членовите на групата. инструментално-рационалната мотивација се однесува на поведението на поединецот кој својата согласност со определена политика, се мотивира преку очекувањето на лична корист од неа.

Во литературата за изборна мотивација, постојат неколку модели кои се обидуваат да ги објаснат одлуките на избирачите да гласаат за определена партија или кандидат, што е резултанта на различните фактори на изборното однесување. Треба да се има предвид дека не постојат универзални модели и дека секој модел нуди определена веројатност, но не и сигурност, односно детерминираност. Тоа значи, дека на изборната одлука на граѓанинот, на различни групи избирачи, може да се темели на бројни детерминанти, како и тоа дека, постојат настојувања да се идентификуваат модели како доминантни обрасци за донесување изборни одлуки и во врска со изборното однесување. Исто така, се зборува за ефектот на индиректните детерминанти, што условуваат да се конструираат социо-демографските, економските и психолошките модели на изборно однесување. Во тој контекст се и определувањето на непосредните детерминанти врз кои се темели моделот на ставови и на социо-психолошкиот модел на изборно однесување.

Во литературата се зборува за моделот на социо-демографските детерминанти во истражувањето на изборната мотивација и изборното однесување чии автори се Лазарсфелд и Берелсон, со студија „Изборот на народот“ од 1940 година, всушност го започнале истражувањето на изборното однесување. Своите гледишта тие ги темелеле врз основа на сознанијата на припадниците на определени класи и слоеви, возрасни и полови групи, професии, верски, етнички и расни групи итн., за тоа дека тие со голема веројатност, може да се очекува тие да гласаат за определена партија или кандидат, што било основа за прогнозирање на изборните резултати, во профилирањето на изборни стратегии, во нивното комбинирање, односно во настојувањето да се понуди оптимално и применливо решение за прогнозирање и добивање на изборите. Врз основа на социо-демографските карактеристики на избирачите се определени неколку облици на гласање, поврзани со социјалното потекло, генерациската припадност, семејната партиска идентификација, припадноста на определена група и на тоа слично.

Под влијание на економските теории е конструиран економскиот модел на изборно однесување. Овој концепт во фокусот го има рационалниот гласач кој одлучува за кого ќе гласа врз основа на состојбата на економијата во меѓуизборниот  период, односно врз основа на проценката на сопствената финансиска состојба. Поддржувачите и промоторите на овој модел сметаат дека прогнозите за изборните резултати, по правило, се изведени од објективни показатели за состојбата на економијата, како што е стапката на невработеност, инфлацијата, потрошувачката кошница, разликите во доходите итн. Овој модел внимание посветува на тоа какви се проценките на избирачите, посебно, дали нивната финансиска состојба и состојбата на економијата се подобри или полоши, дали и колку изборните понуди ги задоволуваат нивните очекувања и потреби. Во овој модел се оди од претпоставката дека економскиот напредок на земјата и подобрувањето на положбата на општествената група на која припаѓа избирачот се најдобра гаранција за гласање за партијата на власт и обратно, дека периодите на економска нестабилност ги намалуваат изборните можности на партиите и кандидатите на власт, т.е. ги зголемуваат можностите на опозициските партии и нивните кандидати.

Бројни автори го истражуваат „рационалното“ однесување на избирачите. Имено според овој концепт избирачот постапува рационално кога гласа за партијата за која верува дека ќе му обезбеди повеќе „бенефиции“, при што повеќе привилегии, материјална корист, зголемување на приходите, стекнување можност да се учествува во трошокот на буџетските пари. Имено, според овој модел избирачот може да учествува на избори само доколку очекуваната добивка ги надмине трошоците. Тие сметаат дека се зависи од проценката на избирачот, дали промената на власта може да му донесе профит тоа е основата за кого ќе гласа на денот на изборите. Основниот проблем на „рационалниот“ пристап во објаснувањето на изборното однесување е во тоа што овој модел премногу верува на „ладната објективност“ и каматната пресметка на избирачот, а ја запоставува „ирационалноста“ на поединецот, која обично е условена од вкусовите и афинитети, верувањата и припаѓањето на различни групи.

Во литературата внимание му се посветува на психолошкиот модел на изборно однесување, кој во основа, поаѓа од гледиштето дека избирачот е инспириран од афективни, дури и несвесни пориви кои ја определуваат неговата изборна одлука, тие пориви најчесто се врзани со стравот, желба за сигурност, љубомората и агресивноста кон кандидатот итн.

Овие модели на изборна мотивација се засноваат на т.н. индиректни детерминанти на изборно однесување. Така се смета, ако избирачот е млад, работник, верник итн., треба да се очекува да гласа за определена политичка партија која ги има преференции кои ги задоволуваат неговите очекувања. Искуството покажува дека мнозинството работници, млади, верници, (христијани, православни, католици, протестанти, муслимани и други), од град или село, гласаат за определена партија затоа што припаѓаат на различни групи, се придружуваат кон различни тенденции, оценуваат што определена партија или нејзиниот кандидат претставува, колку може да му верува и што може од нив да очекува.

Моделот на ставови на изборното однесување се јавува во неколку варијанти. Најзачестен е моделот на дистанца , според кој секој граѓанин избирач има идеја и претстава за партијата, односно за кандидатот и доколку разликата меѓу неговите перцепции за идеално и фактичкото се помали, толкава е и веројатноста тој да гласа за определена партија, односно кандидат. Овој модел се заснова на претпоставката за конзистентност на ставовите.

Мичигенскиот социо-психолошки модел на изборно однесување претставува поразвиена варијанта на моделот на ставови, кој како непосредни детерминанти на изборното однесување ги зема партиската идентификација, партискиот имиџ и темите покренати во кампањата. Според овој модел, партиската идентификација е клучна детерминанта за донесување одлука на изборите.

Концептот на партиска идентификација е недоволно дефиниран, како што, впрочем, не се доволно дефинирани и другите концепти со кои таа е поврзана. Како фактор на изборната мотивација, партиската идентификација и имиџот на кандидатот, се сметаат за основни при прогнозирањето на изборното однесување, односно се претпоставува дека партиите комуницираат со електоратот и затоа нивната стратегија е насочена кон градење на соодветна слика за оние делови од електоратот на чии гласови се надеваат, односно имиџот на Партијата го набљудуваат како клучен фактор во детерминирањето на одлуката на избирачите. Сликата за партијата се формира и се менува во контекст на сеопфатната понуда на политичкиот пазар, што би значело дека имиџот на одредена партија, поточно „партискиот диференцијал“ е разликата што може да се идентификува во однос на другите партии.

Сликата на лидерот, односно кандидатот се смета за една од особено значајните детерминанти на изборната ориентација, а гласањето во кое овој фактор е пресуден се нарекува гласање за кандидатот. Важноста на имиџот на кандидатот за изборната одлука на гласачите произлегува од фактот што на избирачите во поголема мера влијае верувањето во способноста на кандидатот да спроведе определена политика, отколку самата политика за која тој се залага, односно кандидатот и партијата му влеваат сигурност дека се подготвени да ги остварат залагањата.

Во овој контекст е значаен и моделот на тематското определување, односно носење изборна одлука како резултанта на понуда на прашања за кои избирачот е особено заинтересиран, односно тој се определува за партија или кандидат што му нудат прифатливи решенија. Овој облик на гласање, по определено прашање, подразбира рационален избор на избирачот помеѓу алтернативите што му се понудени и проценката за потенцијалните придобивки, односно загубите што ќе настанат во случај на победа на еден од учесниците на изборите.

Покрај горенаведеното, постојат и други фактори што влијаат врз формирањето на изборната одлука на избирачите, а тие се поврзани со системските фактори, како што е моделот на изборен систем; видот на изборите, дали се претседателски, парламентарни или локални, како што се општите политички и институционални услови, како што се положбата и улогата на партиите во политичкиот живот, видот на кампањата и нејзиниот однос актуелните прашања и проблеми.

 

Кандидирањето на кандидатите – појдовна фаза на изборниот процес

 

Кога се зборува за изборниот систем, всушност се зборува за принципите на избирачкото право и изборната техника. Изборниот систем најчесто се определува како збир на норми со коишто се регулираат изборните принципи и односи, односно тој поим го опфаќа збирот на постапки и дејства со коишто се врши избор на државните и други органи, а посебно на парламентот, како претставничка институција. Можеме да констатираме дека изборниот систем претставува сложен механизам на норми и дејства и бројни носители. Со него, се опфатени и правните и фактичките односи и дејствија што се применуваат во постапката на изборот на претставничките тела и на други органи и тела. Во литературата се укажува дека изборниот систем е производ и на други правни и неправни правила како и на фактички однесувања. Оттука, изборниот систем, како што вели професорот Шкариќ, не е само правна туку и политиколошка или социолошка категорија.

Во врска со изборите значајно е да се спомене дека изборната техника како збир на дејства и инструменти се применува избирачкото право во изборниот процес. Изборната техника е суштинско и политичко прашање.

Кандидирањето или предлагањето кандидати е појдовната фаза на изборниот процес. Од неа зависи демократскиот карактер на изборите. Ако избирачите имаат влијание врз предлагањето кандидати за носители на политички и други функции, во таков случај, изборите можат да бидат демократски чин. И обратно, ако избирачите немаат таква можност, во таков случај, изборот се трансформира во потврдување на претходно избраните кандидати од страна на политичките партии или на другите фактори.

Во изборниот процес се препознаваат два субјекти на предлагање на кандидати за изборни функции: политичките партии и граѓаните. Како нај применувана практика е таа, кандидирањето да го вршат политичките партии како субјект. До кандидатите се доаѓа како предлог на партиското раководство; од страна членовите на партијата, од страна на симпатизерите, како и со само кандидирање, преку јавен оглас.

Граѓаните се субјект на предлагањето кандидати. Во практиката доминира групната кандидатура или кандидатурата чијшто носител е група граѓани.

Кандидирањето има демократски облик, ако е засновано врз следниве принципи: прво, постоење на повеќе кандидати за едно изборно место и второ, постоење на повеќе кандидати со различни изборни програми.

Овие денови на интернет страницата на Државната изборна комисија се објавени потврдените листи на политичките партии, изборните коалиции и независните предлагачи. Според податоците достапни на официјалната web страница на овој државен орган, на годинешните парламентарни избори учествуваат 17 предлагачи на листи, од кои 10 политички партии самостојно 6 коалиции и 1 независна листа. Државната изборна комисија прифатила 1677 кандидати, а отфрлила 98. При тоа, листи со 120 кандидати се прифатени од „Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија“, Коалицијата “Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „ВЛЕН“, Коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ, Коалиција „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, и политичките партии Демократи, Левица и Родина. Со 119 прифатени кандидати е политичкиот субјект „Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи – Суверенисти“, додека политичкиот субјект Единствена Македонија прифатени се 100 кандидати, со по 80 се политичките субјекти Аваја – Доста е! и Нова алтернатива, додека на политичките субјекти Твоја партија и Десна им се прифатени листи од 79 кандидати, Работничката партија со 40 и на Групата избирачи Џула Челику е прифатена листата со 20 кандидати. На листите како потврдени кандидати остануваат 1677 кандидати.

Меѓу политичките субјекти чии листи со кандидати се отфрлени е Работничката со 79, Десна со 18 и Единствена Македонија со 1 кандидат.

Може да констатираме дека на годинешните парламентарни избори, како носители на постапката на кандидирање пред надлежниот државен орган се граѓаните, со независни листи и политичките партии, самостојно или во коалиции.

Од податоците може да се констатира, прво, дека постојат повеќе листи на кандидати за изборна единица и второ, постојат повеќе кандидатски листи со различни изборни програми.

Основни обележја на кандидатите за пратеници

Ако ја погледнеме дистрибуцијата според општина, може да се констатира дека од 15 општини се предложени 1069 или 63,74% од кандидатите за пратеници. Најбројни се предлозите на кандидатите од Битола со 129 или 7,69%од вкупниот број предложени кандидати на сите листи, потоа следи Карпош со 122 или 7,27% од кандидатите, Тетово со 84 или 5,01%, Аеродром со 82 или 4,89%, Кисела Вода со 81 или 4,83%, Прилеп со 76 или 4,53%, Центар со 75 или 4,47%, Велес со 63 или 3,76%, Ѓорче Петров со 57 или 3,40%, Чаир со 56 или 3,43%, Куманово со 55 или 3,28%, Гази Баба со 51 или 3,04%, Кавадарци со 50 или 2,98%, Бутел со 45 или 2,68% и Штип со 43 или 2,56% од вкупниот број прифатени кандидати. Останатите 608 или 36,26% се од останатите 64 општини во државата.

Податоците покажуваат дека во 22 општини, како што се Битола, Карпош, Тетово, Аеродром, Кисела Вода, Прилеп, Центар, Велес, Ѓорче Петров, Чаир, Куманово, Гази Баба, Кавадарци, Бутел, Штип, Гостивар, Кичево, Охрид, Струмица, Струга, Кочани и Радовиш се предложени 1282 или 76,45% од кандидатите. Значи повеќе од две третини и повеќе од четири петтини се од кандидатите за пратеници се од овие општини. Втората група од 16 општини (Неготино, Брвеница, Виница, Студеничани, Гевгелија, Босилово, Сарај, Теарце, Шуто Оризари, Долнени, Сопиште, Чашка, Дебар, Илинден, Јегуновце и Липково) предложени се 389 или 23,20% кандидати за пратеници. И третата група од 42 општини (Боговиње, Могила, Ресен, Желино, Крива Паланка, Берово, Врапчиште, Демир Хисар, Конче, Македонска Каменица, Ново Село, Петровец, Свети Николе, Валандово, Демир Капија, Дојран, Зелениково, Кратово, Кривогаштани, Крушево, Пробиштип, Вевчани, Делчево, Карбинци, Македонски Брод, Росоман, Чешиново – Облешево, Чучер – Сандево, Арачиново, Василево, Маврово и Ростуше, Новаци, Центар Жупа, Пласница, Ранковце, Старо Нагоричане, Богданци, Градско, Дебарца, Зрновци, Лозово и Пехчево), предложила 60 или 3,58% од кандидатите.

Овие податоци упатуваат дека од секоја општина има најмалку по еден кандидат и може да се констатира дека вкупните листи како целина нудат можност за избор на пратеници преку кои може да се постигне регионална претставеност.

Дистрибуција на кандидатите според општината од која доаѓаат

Податоците упатуваат на тоа дека најбројни се предложените кандидати од Битола со 129 или 7,69% од вкупниот број 1677 кандидати, потоа се кандидатите од општина Карпош со 122 или 7,27% од предложените кандидати. Во првите 10 според зачестеноста предложени кандидати се од општините Тетово со 84 или 50,01%, Аеродром со 82 или 4,89%, Кисела Вода со 81 или 4,83%, Прилеп со 76 или 4,53%, Центар со 75 или 4,47%, Велес со 63 или 3,76%, Ѓорче Петров со 57 или 3,40%, Чаир со 56 или 3,34%, Куманово со 55 или 3,28%, Гази Баба со 51 или 3,04% и Кавадарци со 50 или 2,98% од предложените кандидати. Втората група општини во кои се предложени над 20 кандидати, според зачестеноста на податоците го одржуваат следниот редослед: 45 или 2,68% се предложени од општината Бутел, 43 или 2,56% од Штип, 37 или 2,21% од Гостивар, по 35 или 2,09% од Кичево и Охрид, 34 или 2,03% од Струмица, 30 или 1,79% од Струга и по 21 или 1,25% се предложени од општините Кочани и Радовиш. Во третата група на општини според зачестеноста на предложените кандидати повеќе од 10, а помалку од 20 се 16 општини, кои според зачестеноста на предлозите се 19 или 1,13% од Неготино, 18 или 1,07% се од Брвеница, по 16 или 0,95% се од Виница и Студеничани, 15 или 0,89% од Гевгелија, со по 14 или 0,83% се од Босилово и Сарај, со по 13 или 0,78% се од Теарце и Шуто Оризари, со по 12 или 0,72% од Долнени и Сопиште, до 111 или 0,66% од Чашка, со по 10 или 0,60% кандидати од општините Дебар, Илинден, Јегуновце и Липково.

Во четвртата група на предложените кандидати од општините се 9 или 0,54% од Боговиње, со по 8 или 0,48% од Могила и Ресен, со по 7 или 0,42% од Желино и Крива Паланка, со по 6 или 0,36% се од Берово, Врапчиште, Демир Хисар, Конче, Македонска Каменица, Ново Село, Петровец и Свети Николе, со по 5 или 0,30% се кандидати од Валандово, Демир Капија, Дојран, Зелениково, Кратово, Кривогаштани, Крушево и Пробиштип, со по 4 или 0,24% кандидати од Вевчани, Делчево, Карбинци, Македонски Брод, Росоман, Чешиново – Облешево и Чучер – Сандево, по 3 или 0,18% кандидати се од Арачиново, Василево, Маврово и Ростуше, Новаци и Центар Жупа, со 2 или 0,12% кандидати се од Центар Жупа, Пласница и Ранковце, и со по 1 или 0,06% од предложените кандидати се општините Богданци, Градско, Дебарца, Зрновци, Лозово и Пехчево.

Најдобра илустрација за тоа е следниот графички приказ:

Може да се воочи дека најбројни се кандидатките од Битола 59 или 8,23%, потоа следуваат, од Карпош со 51 или 7,11%, Аеродром со 43 или 6,00%, Центар со 38 или 5,30%, Кисела Вода со 35 или 4,88%, Тетово со 34 или 4,74%, Гази Баба со 30 или 4,18%, Чаир со 28 или 3,91%, Ѓорче Петров со 27 или 3,77 %, Велес со 27 или 3,77%, Прилеп со 27 или 3,77%, Кочани со 26 или 3,63%, и Бутел со 20 или 2,79%.

Во втората група на општини зачестеноста на кандидатките е во распонот меѓу 10 и 19. Така може да се констатира дека по 19 или 2,65% од кандидатките се предложени во општините Струмица и Куманово, по 18 или 2,51% во Кавадарци и Охрид, 15 или 2,09% во Струга, 14 или 1,95% во Гостивар, 13 или 1,81% во Штип и 10 или 1,39% во Виница.

Третата група општини од кои се предложени кандидатките, а нивниот број изнесува помалку од 10 се вкупно 48 општини. Имено, 9 или 1,26 кандидатки се предложени од Брвеница, 8 или 1,12% од Радовиш, 7 или 0,98% од Јегуновце, по 6 или 0,84% кандидатки се предложени од Гевгелија, Неготино, Сопиште и Студеничани, 5 или 0,70% од Теарце, по 4 или 0,56 % од Шуто Оризари, Берово, Демир Капија, Долнени, Илинден, Липково и Свети Николе, по 3 или 0,42% од Сарај, Боговиње, Валандово, Врапчиште, Дојран, Желино, Карбинци, Могила, Петровец и Пробиштип, по 2 или 0,42 кандидатки од Босилово, Вевчани, Дебар, Конче, Кратово, Крива Паланка, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Ресен, Росоман и Чашка и по 1 или 0,14% кандидатки се од општините Василево, Дебарца, Демир Хисар, Зелениково, Кривогаштани, Крушево, Лозово, Маврово и Ростушe, Новаци, Пехчево и Чучер Сандево.

Четвртата група се општините од кои нема кандидирано кандидатки. Имено од Арачиново, Богданци, Градско, Делчево, Зрновци, Пласница, Ранковце, Старо Нагоричане, Центар Жупа и Чешиново, нема кандидирано жени.

Што покажува оваа дистрибуција. Имено во 7 општини се предложени 290 или 40,45% од кандидатките, 185 или 25,80% се од 6 општини, 107 или 14,92% се од 8 општини. Во групата од 1 до 9 кандидати се вкупно 48 општини. Од 5 до 9 кандидатки се од 8 општини, во нив се предложени 44 или 6,14% кандидатки, од 2 до 4 кандидатки се од 22 општини со 14 или 1,95% кандидатки, во 11 општини се предложени по една кандидатка, односно 11 или 1,53% кандидатки.

Од досегашното излагање може да заклучиме дека бројот на политичките субјекти, на политичките партии и коалициите се доминантрни субјекти во кандидирањето на пратениците, дека слободната граѓанската иницијатива е присутна. Овде да укажеме дека во дебатите што се водат околу политичкото претставништво, а особено за оној облик конституиран со слободниот мандат, (иако практиката кај нас зборува дека тој е повеќе партиски отколку слободен грански мандат), е дискутабилна можноста или понагласената употреба на непосредната партиципација на граѓаните, освен во случаите кога тоа е опредлено со нормативните акти.

Карактиристиките на листите на кандидати според предлагачот на листите

На овие избори се пријавени 1677 кандидати предложени од 17 субјекти. Бројот на прифатените листи и бројот на кандидатите е прикажан во следната Табела.

Табела број 1 Вкупно предложени кандидати според предлагачот
 Предлагач:f%
АВАЈА – ДОСТА Е!804,77
ГРУПА ИЗБИРАЧИ ЏУЛА ЧЕЛИКУ201,19
Движење ЗНАМ – За Наша Македонија1207,16
ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА1005,96
Коалиција “ЕВРОПСКИ ФРОНТ“1207,16
Коалиција “ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ВМРО-ДПМНЕ1207,16
Коалиција ВЛЕН1207,16
КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА – СДСМ1207,16
Коалиција ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА – ГРОМ1207,16
Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи – Суверенисти1197,10
ДЕМОКРАТИ1207,16
ДЕСНА794,71
Левица1207,16
НОВА АЛТЕРНАТИВА804,77
РОДИНА1207,16
Работничка партија402,39
ТВОЈА ПАРТИЈА794,71
Вкупно1.677100,00

Од табеларниот приказ може да се укаже дека 9 овластени предлагачи имаат листи по 120 кандидати, еден со 119, еден со 80, два по 79, еден 40 и еден 20 кандидати.

Карактеристиките на листите според предлагачите можат да се опишат на тој начин што ќе се прикаже територијалната дистрибуција според предлагачите.

Имено, предлагачот Аваја- Доста е!, од предложените 80 кандидати, 20 или 25,00 % се од Битола, 18 или 22,50 % од Тетово 16 или 20,00% од Штип и 10 или 12,59 % од Струмица. Останатите 16 или 20,00 % се од Неготино, Радовиш, Виница, Кавадарци, Шуто Оризари, Велес, Делчево и Теарце.

Предлагачот Група избирачи Џула Челику, предложил листа од 20 кандидати од кои 7 или 35,00 % се од Тетово, 5 или 25,00% се од Кочани, и по еден кандидат од Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари, Арачиново и Брвеница.

Движењето ЗНАМ, предложило листи со 120 кандидати од кои по 8 или 6,67% се од Карпош и Тетово, по 7 или 5,83 од Битола, Гостивар и Куманово, по 5 или 4,17% се од Аеродром, Велес, Јегуновце и Охрид, по 4 или 3,33% се од Кисела Вода, Центар, Кочани, Прилеп и Струмица, по 3 кандидати или 2,50 % од Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кавадарци, по 2 кандидати или 1,67% од Чаир, Брвеница, Гевгелија, Демир Хисар, Дојран, Крушево, Неготино, Свети Николе, Струга и Штип и по 1 кандидат или 083 % предложени од општините се од Берово, Валандово, Василево, Виница, Илинден, Македонска Каменица, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Теарце и Чешиново.

Кандидатите предложени на листите од политичкиот субјект Единствена Македонија се вкупно 100, од кои 15 или 15,00 % се од Битола, по 12 или 12,00% се од Кисела Вода и Прилеп, по 7 или 7,00% се од Аеродром и Карпош, по 6 или 6,00% се од Велес и Илинден, по 4 или 4,00% се од Гази Баба, Ѓорче Петров и Центар, 3 или 3,00% од Кривогаштани, по 2 или 2,00% од општините Гевгелија, Кочани, Могила, Новаци и Штип и по 1 или 1,00 % кандидат од Бутел, Шуто Оризари, Брвеница, Зелениково, Кавадарци, Македонска Каменица, Петровец и Сопиште.

Политичкиот субјект Европски фронт предложил лиси со 120 кандидати, од кои 16 или 13,33% се од Чаир, 10 или 8,33% од Тетово, 7 или 5,83% од Гостивар, 6 или 5,00% од Струга, по 5 или 4,17% од Сарај и Дебар, по 3 или 3,33% од Бутел, Врапчиште, Долнени, Карбинци, Кочани, Центар Жупа, Чашка и Штип, по 2 или 1,67% од Гази Баба, Шуто Оризари, Валандово, Велес, Демир Капија, Желино, Зелениково, Ресен и Теарце, и по 1или 0,83% кандидат од општините Аеродром, Центар, Арачиново, Битола, Василево, Виница, Делчево, Конче, Неготино, Охрид, Петровец, Пехчево и Пласница.

Политичкиот субјект Коалиција Твоја Македонија предложил листи со 120 кандидати, од кои по 6 или 5,00% се од општините Карпош и Центар, по 5 или 4,17% се од Гази Баба, Гостивар и Кочани, по 4 или 3,33% се од Ѓорче Петров, Кисела Вода, Битола, Охрид, Прилеп, Тетово и Куманово. Потоа следат со по 3 или 2,50% кандидати од Аеродром, Бутел, Брвеница, Јегуновце, Струмица и Теарце, со по 2 или 1,67% од Чаир, Велес, Кавадарци, Кратово, Радовиш, Сопиште, Струга и Штип и со по 1 или 0,83% кандидат од општините Сарај, Шуто Оризари, Берово, Босилово, Валандово, Вевчани, Виница, Гевгелија, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Илинден, Карбинци, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Лозово, Маврово и Ростуше, Македонски Брод, Неготино, Ново Село, Петровец, Пробиштип, Ресен, Свети Николе, Старо Нагоричане, Чашка, Чешиново и Чучер Сандево.

Коалицијата „ВЛЕН“ предложила листи со 120 кандидати од кои 19 или 15,33% се од Чаир, 17 или 14,17% се од Битола, 10 или 8,33% се од Студеничани, 9 или 7,50% се од Тетово, по 6 или 5,00 се од Липково и Чашка, по 5 или 4,17% се од Сарај, Кочани и Охрид, со по 4 или 3,33% кандидати се од Гостивар, Долнени, Струга и Куманово, со по 3 или 2,50% се кандидати од Дебар, Сопиште и Теарце, со по 2 или 1,67% кандидати од Бутел, Гази Баба и Карпош и со по 1 или 0,83% кандидат од Шуто Оризари, Боговиње, Брвеница, Велес, Желино, Крушево и Ресен.

Коалицијата за Европска иднина предложила листи со 120 кандидати од кои 8 или 6,67% се од Центар, 7 или 5,83% се од Карпош, 5 или 4,17% се од Тетово, по 4 или 3,33% се од Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Брвеница, Гостивар, Охрид, Струмица и Куманово, со по 3 или 2,50% кандидати од Гази Баба, Врапчиште, Кочани и Струга, со по 2 или 1,67% од општините Бутел, Чаир, Битола, Кавадарци, Македонски Брод, Петровец, Прилеп, Сопиште, Теарце, Чучер Сандево и Штип и со по 1 или 0,83% кандидати од општините Сарај, Шуто Оризари, Берово, Босилово. Вевчани, Велес, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Долнени, Желино, Зелениково, Јегуновце, Конче, Кратово, Крива Паланка, Кривогаштани, Маврово и Ростуше, Македонска Каменица, Неготино, Пласница, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Росоман, Свети Николе, Старо Нагоричане, Студеничани и Чашка.

Коалицијата Храбро за Македонија предложила листа од 120 кандидати од кои 31 или 25,83% се од Карпош, 10 или 8,83% се од Аеродром, 9 или 7,50% се од Бутел, по 8 или 6,67% се од Кисела Вода, Велес и Кочани, 7 или 5,83% кандидати се од Куманово, 6 или 5,00% од Тетово, 5 или 4,17% од Центар, по 3 или 2,50% кандидати од општините Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Ново Село, со по 2 или 1,67% кандидати од Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари и Росоман, и со по 1 или 0,83% кандидат од општините Ѓорче Петров, Берово, Охрид, Прилеп, Радовиш, Ранковце, Чешиново и Штип.

Политичкиот субјект Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи – Суверенисти поднел листи со 119 кандидати од кои 28 или 25,53% се од Прилеп, со по 10 или 8,40% се од Аеродром и Битола, со по 8 или 6,72% се од Гази Баба и Кочани, со по 6 или 5,40% се од Карпош, Кисела Вода и Центар, со по 4 или 3,36% кандидати се од Бутел, Ѓорче Петров и Гостивар, со по 3 или 2,52% кандидати од Чаир и Охрид, со по 2 или 1,68% кандидати од Македонска Каменица, Могила и Штип и со по 1 или 0,84% кандидат од Валандово, Велес, Гевгелија, Дојран, Долнени, Илинден, Кратово, Маврово и Ростуше, Петровец, Радовиш, Ресен, Сопиште и Тетово.

Политичкиот субјект Демократи предложил листи со 120 кандидати од кои 37 или 30,83% се од Битола, 14 или 11,67% се од Кисела Вода, 9 или 7,50% се од Прилеп, по 8 или 6,67% кандидати се од Боговиње, Виница, Тетово и Штип, 7 или 5,83% кандидати се од Карпош, 5 или 4,17% се од Кочани, со по 2 или 1,67% се од Аеродром, Шуто Оризари и Велес и со по 1 или 0,83% кандидат се од Бутел, Центар, Босилово, Гостивар, Долнени, Зелениково, Кавадарци, Могила, Охрид и Студеничани.

Предлагачот Десна, предложил листи со 79 кандидати, од кои 16 или 20,25% се од Куманово, 14 или 17,72% се од Велес, 10 или 12,66% се од Прилеп, 7 или 8,66% се од Аеродром, 6 или 7,59% се од Кавадарци, по 4 или 5,06% се од Гази Баба и Битола, по 3 или 3,80% се од Карпош и Штип, по 2 или 2,53 се од Кисела Вода и Центар и по 1 или 1,27% се од општините Чаир, Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Росоман, Струмица, Тетово и Чучер Сандево.

Предлагачот Левица предложил листи со 120 кандидати од кои 9 или 7,50% се од Карпош, по 7 или 5,83% се од Аеродром и Тетово, по 6 или 5,00 се од Центар, Битола, Брвеница, Кочани и Охрид, по 5 или 4,17% се кандидати од Велес, Кавадарци и Куманово, по 4 или 3,33% се од Кисела Вода и Прилеп, по 3 или 3,33% се од Гази Баба и Гевгелија, по 2 или 1,67% се од Бутел, Ѓорче Петров, Чаир, Гостивар, Демир Хисар, Неготино, Свети Николе, Струга и Штип, и по 1 или 0,83% кандидат е од општините Берово, Богданци, Виница, Градско, Делчево, Демир Капија, Дојран, Долнени, Илинден, Јегуновце, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Струмица и Теарце.

Предлагачот Нова алтернатива предложил листи со 80 кандидати од кои 21 или 26,25% се од Ѓорче Петров, 11 или 13,75% се од Босилово, 9 или 11,25% се од Струмица, 7 или 11.25% се од Карпош, 6 или 7,50% се од Кисела Вода, по 5 или 6,25% кандидати се од Центар и Неготино, по 2 или 2,50% кандидати се од Аеродром и Бутел и по 1 или 1,25% кандидат се од општините Гази Баба, Сарај, Чаир, Шуто Оризари, Василево, Виница, Зрновци, Кочани, Ново Село и Прилеп.

Родина како подносител на листи со 120 кандидати за парламентарните избори 2024 година, 16 или 13,33% се предложени од општината Аеродром, 15 или 12,50% од Карпош, 12 или 10,00% од Кавадарци, 11 или 9,17% од Ѓорче Петров, 10 или 8,33% од Гази Баба, 9 или 7,50% од Бутел, по 8 или 6,67% од општините Кисела вода и Центар, 6 или 5,00% од Радовиш, по 4 или 3,33% кандидати од Конче и Охрид, со по 3 или 2,50% од Битола и Сопиште, 2 или 1,67% од Струмица и со 1 или 0,83% од општините Сарај, Чаир, Берово, Велес, Неготино, Ново Село, Струга, Чешиново и Куманово.

Работничката партија предложила листи со 40 кандидати од кои 10 или 25,00% се од општината Струга, 7 или 17,50% од Карпош, 5 или 12,50% од Центар, по 3 или 7,50% од Кисела Вода и Могила, по 2 или 5,00% се од Аеродром, Бутел, Гази Баба и Битола, и по 1 или 2,50% кандидат од општините Арачиново и Охрид.

Твоја партија предложила листи со 79 кандидати, од кои 16 или 20,25% се од Кавадарци, по 14 или 17,22% од Центар и Велес, 7 или 8,86% од Карпош, по 6 или 7,59% од Аеродром и Кисела Вода, со по 3 или 3,80% кандидати од Ѓорче Петров и Чаир, 2 или 2,53% од Неготино и со по 1 или 1,27% кандидат од општините Бутел, Гази Баба, Битола, Гевгелија, Кочани, Новаци, Прилеп и Куманово.

Карактеристики на кандидатските листи: жени – мажи

Во предлогот на листите и Извештајот на Државната изборна комисија, еднаквите можности меѓу мажите и жените, што е нормативно уредено кај нас, се употребува поимот родова застапеност, што во основа се сведува на половата идентификација на кандидатите. Во анализата се користат поимите околу кои постои согласност и се нормативно се уредени.

Од понудениот графикон може да се воочи дека од 1677 кандидати 717 или 42,75% се кандидатки, а 960 или 57,25% се кандидати. Овој глобален пресек покажува дека за 14,49% е помал бројот на кандидатките во вкупниот број на предложените на листите.

Кандидати за пратеници според полот и возраста

Според возраста најбројна возрасна група се предлозите на возраст од 36 години. Предложени се 47 кандидати. Потоа следуваат оние со 52 години, со 46 предложени кандидати, со 45 години 44 години, исто толкав број и со 59 години, па следуваат кандидатите со 33 и 40 години со 43 кандидати.

Од предложените кандидатки по 22 се на 33 и на 52 години, по 21 се на 32 и 49 години, 20 кандидатки се на 40 години и по 19 кандидатки се на 36, 45 и 46 години, потоа по 18 кандидатки се на возраст од 23, 38 и 39 години и по 17 кандидатки се на возраст од 41, 44, 51, 54 и 59 години.

Возраста на кандидатите има определени специфичности. Имено во оваа група нај зачестена возраст е онаа од 47 години со 30 кандидати, потоа со 56 години 29 кандидати, со 36 години 28 кандидати, со 53 години 26 кандидати и со 35, 42, и 45 години по 25 кандидати.

Интересни карактеристики се забележуваат кај кандидатките на листите за претстојните парламентарни избори. Имено од предложените 717 кандидатки 21 или 2,93% се на возраст од 33 години, 20 или 2,79% се на возраст од 52 години, по 19 или 2,65% кандидатки се на возраст од 32, 40, 45 и 46 години и по 18 или 2,51% кандидатки се на возраст од 38, 39 и 49 години.

Од 960 предложени кандидати на листите за парламентарните избори во 2024 година најбројни се (29 или 3,02%) оние на возраст од 47 години, потоа 28 или 2,96% се на возраст од 56 години, 27 или 2,81% се на 35 години, 25 или 2,60% се на возраст од 53 години, 24 или 2,50% се на возраст од 42, 43, 45 и 59 години, 23 или 2,40% се на возраст од 32, 41 и 58 години.

На кандидатските листи 102 или 6,08% кандидати се на возраст од 66-70 години, 82 или 4,89% на возраст од 71-80 години и 15 или 0,83% се на возраст од 81-90 години. Од оваа структура по 51 или 7,11% кандидатки се на возраст од 61-70%, 32 или 4,46% се на возраст од 81-80 години и 7 или 0,98% се припаднички на највозрасната група од 81-90 години.

Структурата на предложените кандидатки според возрасната група и редоследот на кандидатските листи ги има следните карактеристики. Во првите 10 предложени на листите 4 или 1,12% се кандидатки на возраст до 18 години, 51 или 14,29% се на возраст меѓу 21-29 години, односно 55 или 15,41% се на возраст до 29 години, 38 или 10,65% се во возрасната група од 30-35 години. Може да се воочи дека 93 или 20,05% од кандидатките се наоѓаат во првите 10 на листите, што е една петтина од вкупниот број на кандидати на листите. Ако се има предвид бројот на подносителите на листите и бројот на изборните единици, тогаш можностите за ефектуирање на пратеничкиот мандат има определена веројатност, но во сегашните услови има многу непознати. Втората група кандидатки што се наоѓаат на кандидатските листи во првите 10 по редослед кандидирани е 416 или 62,75% на возраст од 36 – 65 години, како и 40 или 11,20% кандидатки на возраст од 66-90 години.

Редоследот на кандидатите на листите според возраста

На првите 10 места од листите се наоѓаат 839 кандидати или 50,03% од вкупниот број. На возраст до 20 години се 7 кандидати или 0,83%. На возраст од 21 – 29 години се 82 или 9,77% кандидати, од 30-35 години 83 или 9,89%. Значи, од 18-30 години се 89 или 10,61% од кандидатите, од 18 – 35 години се 172 или 20,50% потоа следува најбројната група од 36-45 години со 219 или 26,10%, од 46-55 години со 195 или 23,24% од кандидатите, од 56-65 години 167 или 19,25% и над 66 години 86 или 10,24% од кандидатите.

На втората половина од кандидатските листи се 29 или 3,46% на кандидатите на возраст од 18-20 години, 127 или 15,16% со возрасен период од 21 – 29 години, односно на возраст од 18-30 години се вкупно 156 или 18,62%. Ако кон оваа група ги вклучиме и кандидатите чија возраст е меѓу 30 – 35 години, 122 или 14,56%, тогаш можеме да констатираме дека 278 или 33,17%, или една третина од предложените кандидати се наоѓаат на втората половина на листите, што во услови на значајна понуда на листи, ја намалува можноста од остварување на положбата некој од овие возрасни групи да биде избран за пратеник. Во возрасната група од 36 – 65 години, во вториот дел од кандидатските листи се наоѓаат 445 или 53,10% кандидати. И последната група на кандидати 115 или 13,72% се на возраст од 66-90 години. Со повнимателна анализа на положбите на одделни возрасни групи на редоследот на кандидатските листи можат да се утврдат веројатноста од избор, но уште повеќе од веројатноста понудениот кандидат во мандатниот период да добие можност да ја извршува пратеничката функција.

Кандидатите за пратеници и принципот за еднаква вклученост на жените и мажите

Од аспект на залагањето на партиските субјекти за еднаква застапеност на жените и мажите во политиката, да споменеме дека од 1677 предложени 717 или 42,75% се жени, односно 960 или 57,25% се мажи. Иако постои разлика од помала зачестеност на предлозите за кандидатките од -14,49% во однос на мажите кандидати, сепак може да се оцени дека е остварен определен напредок на овој план, што, секако го отвора просторот за постигнување на математички избалансирана вклученост на жените на кандидатките листи.

Кандидатските листи според предлагач и пол и предлагач се прикажани во Табелата што следува. Податоците упатуваат на тоа дека од 1677 предложени кандидати, 717 се кандидатки.

 

Табела број 2 Кандидати за пратеници, според предлагач и пол
жени%мажи%Вкупно%
АВАЈА – ДОСТА Е!324,46485,00804,77
ГРУПА ИЗБИРАЧИ ЏУЛА ЧЕЛИКУ91,26111,15201,19
Движење ЗНАМ – За Наша Македонија537,39676,981207,16
ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА415,72596,151005,96
Коалиција “ЕВРОПСКИ ФРОНТ“486,69727,501207,16
Коалиција “ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ВМРО-ДПМНЕ517,11697,191207,16
Коалиција ВЛЕН537,39676,981207,16
КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА – СДСМ598,23616,351207,16
Коалиција ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА – ГРОМ547,53666,881207,16
Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи – Суверенисти537,39666,881197,10
ДЕМОКРАТИ486,69727,501207,16
ДЕСНА283,91515,31794,71
Левица486,69727,501207,16
НОВА АЛТЕРНАТИВА354,88454,69804,77
РОДИНА537,39676,981207,16
Работничка партија182,51222,29402,39
ТВОЈА ПАРТИЈА344,74454,69794,71
Вкупно717100,00960100,001.677100,00

 

Од понудениот табеларен приказ може да констатираме дека во вкупниот број предложени кандидатки на листите најбројни се на листите на „Коалицијата за европска иднина“ со 59 или 8,23% од вкупниот број кандидатки, односно 49,17% од вкупно предложените од овој политички субјект. Потоа следуваат по 53 кандидатки или 7,53% од вкупниот број од коалиците „Храбро за Македонија“ и “ВЛЕН“, од Движењето ЗНАМ, Родина и Македонска трета ера. Со 51 или 7,11% се кандидатките на листите на Коалицијата “Твоја Македонија“ 51 или 7,11%, со по 48 или 6,69% се кандидатки на листите од Коалицијата “Европски фронт“, Демократи и Левица, 41 или 5,72% се кандидатки од Единствена Македонија, 35 или 4,88% се вклучени кандидатките во листите на Нова алтернатива, 34 или 4,74% во листите на Твоја партија, 32 или 4,46% во листите на Аваја – Доста е!, 28 или 3,91% во листите на Десна, 18 или 2,51% на Работничката партија и 9, или 1,26% во листата на Група избирачи Џула Челику.

Табела број 3 Кандидатки според возрасна група и предлагач
 Возрасна група – жениВкупно
Предлагач18-2021-2930-3536-4546-5556-65над 66
15105642032
201015209
311181795253
40022592341
541561823048
604422156051
7317131261153
8115915163059
926681512554
10145419101053
1115299121048
12032538728
1307917105048
141231383535
1513971281353
16100355418
1701246101134
Вкупно211048516314910491717
Легенда: 1. Аваја – Доста е! 2. Група избирачи Џула Челику, 3. Движење ЗНАМ, 4. Единствена Македонија, 5. Коалиција „Европски фронт“, 6. Коалиција “Твоја Македонија“, 7. Коалиција “ВЛЕН“, 8. Коалиција за „Европска иднина“, 9. Коалиција „Хабро за Македонија“, 9. Македонска Ера Трета/Македонски Независни Листи – Суверенисти, 10. Демократи, 11. Десна, 12. Левица, 13.Нова алтернатива, 14. Родина, 15. Работничка партија и 16. Твоја партија

Но, доколку се погледне структурата на предложените кандидатки во однос на вкупно предложениот број кандидати во листите на предлагачот, тогаш може да се воочи дека 49,17% од предложените на Коалицијата „Европска иднина“ се кандидатки, дека во Групата на избирачи Џула Челику, Коалицијата „Храбро за Македонија“ и Работничката партија се 45,00%, 44,54% се кандидатки на листите на Македонска трета ера, 44,17% на листите на Движењето ЗНАМ, Коалицијата „ВЛЕН“ и Родина. Со 41,00% се на листите на Единствена Македонија, со 41,00% на листите на Коалицијата „Твоја Македонија“, со 40,00% на листите од Коалицијата „Европски фронт“, Демократи, Левица и Аваја – Доста е! И со 35,44% се кандидатките на листите од предлагачот Десна.

Од податоците може да утврдиме дека од предложените 80 кандидати предлагачот Аваја – Доста е! Предложил 32 или 40,00% од бројот на предложените. Од нив 15 или 46,88% од предложените кандидатки се на возраст меѓу 18 и 29 години, 11 или 34,38% се на возраст меѓу 35 и 45 години и 6 или 18,75% на возраст од 46-65 години.

Група избирачи Џула Челику, предложила 20 кандидати од нив 9 или 45,00% се кандидатки. Од оваа група 1 кандидатка е на возраст меѓу 21 и 29 години, 1 е на возраст од 35-40 години 5 меѓу 46-55 години и 2 кандидатки меѓу 56-65 години. Може да констатираме дека кај овој предлагач доминантно кандидатките се на возраст од 46-65 години. Имено, од 30-55 години се кандидирани 9 или 21,95% кандидатки, на возраст од 56-65 години.

Движењето ЗНАМ, предложило листи со 120 кандидати, од кои 53 или 44,17% се кандидатки. Од предложените кандидатки 12 или 22,64% се на возраст од 18-29 години, 25 или 47,17% на возраст од 30-45 години, 14 или 26,42% се на возраст од 46-65 години и 2 или 3,77% се кандидатки над 66 години.

Политичкиот субјект Единствена Македонија предложил листи со 100 кандидати, од кои 41 или 41,00% се кандидатки. На листите нема кандидатки на возраст од 18 – 29 години. Од 30-45 години се 4 или 9,76% кандидатки, 14 или 34,15% се на возраст од 46-65 години и 23 или 41,10% се кандидатките со 66 и повеќе години. Специфично е што во оваа група кандидатките доминантно се во годините од втората половина. Подеталната анализа вели дека на возраст од 66-70 години се 11 или 26,83% од предложените кандидатки, 10 или 24,39% се на возраст од 71-80 години и 2 или 4,88% се на возраст од 81-90 години.

Коалиција „Европски фронт“ предложила листи со 120 кандидати од кои 48 или 40,00% се кандидатки. Во групата на кандидатки 19 или 39,58% се на возраст од 18 – 29 години, 24 или 50,00% се на возраст од 30-45 години, 5 или 10,42% се на возраст од 46-65 години. Во оваа група нема кандидатки над 66 години.

Коалиција “Твоја Македонија“, предложила листи со 120 кандидати од кои 51 или 42,51% се кандидатки. Од вкупниот број предложени кандидатки, 4 или 7,84% се на возраст од 21-29 години, 26 или 50,98% се на возраст од 31 – 45 години и 21 или 41,18% на возраст од 46-65 години.

Коалиција “ВЛЕН“, на изборните листи кандидирала 120 кандидати од кои 53 или 44,17% се кандидатки, од нив 20 или 34,74% се на возраст од 18-29 години, 25 или 47,17% се на возраст од 30-45 години, 7 или 13,21% се на возраст од 46-65 години и 1 или 1,89% е над 66 години.

На кандидатските листи на коалиција за „Европска иднина“ се кандидирани 120 кандидати од кои 59 или 49,17% се кандидатки. Од нив 16 или 27,12% се на возраст од 18-29 години, 24 или 40,68% се на возраст од 30-45 години, 19 или 32,20% се на возраст од 46-65 години. Во оваа листа нема кандидатки над 66 години.

Од 120 предложени кандидати на кандидатските листи на Коалиција „Хабро за Македонија“, 54 или 45,00% се кандидатки. На возраст од 18-29 години се кандидирани 8 или 14,81% кандидатки, 14 или 25,93% се на возраст од 30-45 години, 27 или 50,00 се на возраст од 36-45 години и 5 или 9,26% се кандидатки со возраст над 66-70 години.

Предлагачот на кандидатските листи Македонска Ера Трета/ Македонски Независни Листи – Суверенисти, предложил 119 кандидати од кои 53 или 44,54% се кандидатки. Од нив 5 или 9,43% се на возраст од 18-29 години, 9 или 16,98% се на возраст меѓу 30 – 45 години, 29 или 54,72% се на возраст од 46 – 65 години и 10 или 18,87% се над 66 години ( Во оваа група од 66-70 години се 7 или 13,21%, од 71 -80 години 2 или 4,49% и 1 или 2,44% кандидатка е 89 години.

Предложените листи со кандидати од политичкиот субјект Демократи е со 120 кандидати од кои 48 или 40,00% се кандидатки. Возрасната група кандидатки од 21 -29 години е со 6 или 12,50% кандидатки, 11 или 22,50% се на возраст од 30-45 години, 21 или 43,75% се на возраст од 46-65 години и 10 или 20,83% се на возраст над 66 години (Од нив 5 или 10,42% се на возраст од 66-70 години, 4 или 8,33% на возраст од 71-80 години и 1 кандидатка на 82 години).

Кандидатските листи на политичката партија Десна се со 79 кандидати од кои 28 или 35,44% се кандидатки. Од оваа група 3 или 10,71% се на возраст од 18-29 години, 7 или 25,00% на возраст од 30-45 години, 11 или 39,29% се на возраст од 46-65 години и 7 или 25,00% се на возраст над 66 години (од нив 3 или 10,71% се на возраст од 66-70 години, 4 или 14,29% се на возраст од 71-79 години).

Политичката партија Левица, поднела кандидатски листи со 120 кандидати од кои 48 или 40,00% се кандидатки. Седум (7) или 14,58% од кандидатките се на возраст од 18-29 години, 26 или 54,17% се на возраст од 30-45 години, 15 или 31,25% се на возраст од 46-65 години. Над 66 години нема кандидатки.

Нова алтернатива е предлагач на листи со 80 кандидати од кои 35 или 43,75% се кандидатки. Од нив 3 или 8,57% се на возраст од 18-29 години, 16 или 45,71% се на возраст од 30-45 години, 11 или 31,43 се на возраст од 46-65 години и 5 или 14,29 се над 66 години (во оваа група 1 или 2,86% е на возраст од 68 години, 3 или 8,56% се на возраст две кандидатки од 72 и една од 74 години и 1 или 2,86% е на 85 години).

Политичката партија Родина предложила листи со 120 кандидати од кои 53 или 44,17% се кандидатки. Од нив 4 или 7,55% се на возраст од 21-29 години, 16 или 30,19% се на возраст од 30-45 години, 20 или 37,74% се на возраст од 46-65 години и 13 или 24,53 се на возраст над 66 години (од оваа група од 66-70 се 7 или 13,21% кандидатки, 5 или 9,43% се на возраст од 71-80 години и 1 или 1,89% е на 85 години возраст.

Работничка партија поднела кандидатски листи со 40 кандидати за пратеници, од кои 18 или 45,00% се кандидатки. Од нив 1 или 5,56% е на возраст од 18-29 години, 3 или 16,67% се на возраст од 30-45 години, 10 или 55,56% се на возраст меѓу 46-65 години и 4 или 22,22% се над 66 години (2 или 11,11% се на 70 години и 1 кандидатка на 74 години и една (1) кандидатка на 79 години).

Предлагачот Твојата партија има поднесено листи со 79 кандидати, од нив 34 или 43,04% се кандидатки. Возрасната структура на кандидатките изгледа вака; на возраст од 18-29 години е 1 или 2,945 кандидатка, од 30-45 години се 6 или 17,65% од кандидатките, 16 или 47,06% се кандидатките на возраст од 46-65 години и 11 или 32,35% се на возраст над 66 години (од 66-70 години се 8 или 23,53% од кандидатките, 2 или 5,88% се на возраст од 75 и 78 години и 1 или 2,94% е на 90 годишна возраст).

Од деталниот приказ на вклученоста на кандидатките на кандидатските листи на учесниците во изборниот процес на парламентарните избори на 8 Мај 2024 година, можеме да констатираме дека подносителите на листите, политичките партии, нивните коалиции и граѓаните предложиле кандидатки, согласно општествените тенденции и општата политика за позначајна или еднаква вклученост на листите со кандидати од двата пола. Отстапувањето за нешто помалку од 15% во зачестеноста на предлозите покажува дека во општествените средини и во политичките организации има расчекор меѓу декларативното и стварното. Но, исчекор има и тој треба да се охрабри кон остварувањето на еднаквоста на жените и мажите во достапот на можностите и остварувањето на целите.

Посебна специфичност на листите е што во неа кај значаен дел од подносителите на листите доминираат кандидатките на возраст од 36-45 години, потоа кандидатките од 46-65 години. Но одделни подносители во листите вклучиле и определен број на кандидати кои припаѓаат на посериозните возрасни периоди, што објективно отвора простор за бројни оценки и претпоставки. Во секој случај на избирачите во Македонија, им се понудени кандидатски листи и кандидати, кои располагаат со кандидатски потенцијал набљудуван низ призмата на возраста, младоста и половата разлика.

Врз основа на досегашното излагање може да се утврди дека кадровската слика што е понудена во листите на кандидатите, набљудувана низ карактеристиките, како што се партиска идентификација, возраста, половата специфичност, територијалната, односно регионалната вклученост во претставничкото тело се дел од елементите што ја сочинуваат основата за поттикнување на граѓанинот избирач на денот на изборите да излезе и да донесе одлука, односно да се определи за листата што, според моделите на истражување, како што илустрираат истражувачките резултати и изборните искуства, имаат влијание во определувањето и донесувањето на одлуката.

Податоците во целина укажуваат дека во Македонија, изборното поведение на субјектите што учествуваат на изборите ги задоволуваат утврдените услови за вклучување на жените на кандидатските листи, со настојување да се постигне состојба на еднаква (еквивалентна) вклученост во составот на кандидатските листи. Понудената анализа укажува дека на тој план се остварени определени резултати, но дека има простор за отворање нови хоризонти и за промовирање на концептот 50:50 за обата пола.

Податоците од анализата на листите со кандидати укажува дека, на листите има определени резултати во однос на вклученоста на возрасните групи, а во тој контекст, особено на младите. Иако во македонското општество поимот „млади“ е растеглив и се интерпретира според потребите, несомнено, станува збор за генерациски проблем, кој е поврзан со заокружувањето на третата деценија од живот. Токму затоа во анализата на податоците возрасните групи од 18-20 и 21-29 години се анализирани како една група. Овде треба да се укаже дека и останатите возрасни групи, особено оние што се поврзани со стабилизираниот продуктивен период, кој го чини костурот и носечкиот дел на населението е значајно вклучен во кадровската понуда на предлагачите на кандидатските листи.

Специфично во возрасната структура на кандидатските листи е што кај одделни предлагачи, на кандидатските листи има значително повисок процент на вклучени на возрасните групи, особено на оние групи кои припаѓаат на средната и особено стара возраст, што како прашање заслужува посебно влијание, како од аспект на процената на кадровските способности на предлагачите, така и во однос на градењето на изборните стратегии за насочувањето на изборното однесување на избирачите.

Една од карактеристиките на кандидатските листи е позиционира­њето и редоследот на кандидатските листи од аспект на возрасната структура, регионалната припадност и половата специфичност. Тоа е посебно актуелно затоа што кандидатската понуда за изборите е значајна, тоа ќе услови определена дисперзија на избирачкото тело, што ќе услови и ќе придонесе за нееднаква можност за алокација на кандидатите според определени обележја.

Анализата на податоците објавени на официјалната интернет страница на Државната изборна комисија покажуваат дека кај значаен дел од предлагачите на листите се вклучени кандидати од скоро сите општински центри. Тоа, не само да е во функција на мобилизирањето на избирачите на кои им од особено значење да имаат претставник во претставничкото тело, туку и е дополнителен фактор на идентификација на поединецот како припадник на определена локална заедница, која како таква има специфичности и припаѓањето кон неа е дополнителен мотивациски стимуланс во формулирањето на одлуката.

Податоците исто така укажуваат за зачестеноста на кандидати од одделни средини во Македонија, што покрај регионалните аспекти во себе содржат и определени специфичности во идентификацијата на поединците по етнички или други специфичности, на пример како што се религиските (иако за ова обележје нема податоци и тешко може да се изведе консеквентен став, можеби повеќе би можеле да зборуваме за претпоставка).

Во целина кандидатските листи за претстојните парламентарни избори во Македонија обезбедуваат претпоставки за организирање на општи и непосредни избори затоа што има бројна понуда на изборни листи кои припаѓаат на предлагачи со различни програмски ориентации.

Досегашната изборна кампања фокусот на кадровската понуда го позиционира на лидерот на Партијата и носителите на листите по изборни единици. Можеби и затоа, во она што доминира во медиумите како содржина, се нападите, личните навреди, дискредитации, а се помалку се зборува за кадровскиот потенцијал. Во тој контекст може да се набљудува зошто е изразен интересот кон особено возрасните групи, зошто определени „непринципиелни“ (можеби поточно популистички) залагања, како што е определбата системот на вложувања во пензискиот систем да се девалвира преку теоријата на „еднакви стомаци“, а не со промислување на системски политики на социјалната заштита преку кои ќе се сочува логиката на системот и ќе се заштитат ранливите групи на пензионерите. Токму таквиот пристап, специфичен за волунтаризмот (самоволието во политиката), го стеснува прагот и можностите да трага по факторите што го определуваат изборното однесување.

Вкупниот аналитички контекст упатува дека на овие парламентарни избори е понуден кадровски состав за претставничкото тело, што на еден или друг начин ќе ги одрази специфичностите на македонското избирачко тело, ќе ги афирмира социјалните и други специфичности на заедницата, ќе понуди оптимален и рационален избор и ќе создаде претпоставки за конституирање на власт според доминантното изборно определување на граѓаните.

Изборите се обликот преку кој се легитимизира управувачката структура, власта за наредните четири години. Затоа тие се толку значајни и одговорни процеси.

 

                                                                                       Скопје, 22.04.2024 година.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.