Брисел: Северноатлантскиот совет НАК денеска изрази солидарност со Германија и со Чешка по злонамерната кибер кампања против Социјалдемократската партија на Германија, СПД која се соочува со злонамерни кибер активности против нејзините институции. Во соопштението на НАК се наведува дека одговорноста за овие злонамерни кибер активности Германија и Чешка му ја припишаа на актерот АПТ28 кој е спонзориран од Русија, а пред се од руската воена разузнавачка служба, Главната дирекција на Генералштабот на руските Вооружени сили ГРУ.
НАК со загриженост забележува дека истиот актер упатува закани насочени и кон други национални владини ентитети, оператори со критична инфраструктура и други ентитети низ Алијансата, вклучително и во Литванија, Полска, Словачка и Шведска