НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставните судии и денеска не успеаја да изберат претседател

0
By Zoran Ivanov on May 31, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И денеска по два обиди уставните судии не успеаја да изберат претседател кој ќе ја преземе функцијата од нивната колешка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат на чело на Судот истекува на 2-ри јуни.

Од Уставен суд информираат дека со согласност на сите судии било договорено седницата за избор да продолжи во понеделник на 3-ти јуни.

Како и вчера, кога имаше четири неуспешни обида за избор на претседател, и денеска двете кандидатки за функцијата, судијките Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева не успеале да го добијат неопходното двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Во денешните два обиди резултатот бил ист како и вчера – за кандидатурата на Васиќ-Бозаџиева гласале 5 судии, додека нејзината колешка и противкандидатка Павловска-Данева повторно добила 4 гласа.

За претседателот на Уставен суд да биде избран, потребно е еден од кандидатите да добие најмалку шест гласови од вкупно деветтемина судии колку што брои составот на Судот.

Покрај се уште актуелната претседателка Добрила Кацарска, судии во Уставен суд од кои некој ќе ја преземе функцијата се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ-Анастасовска и Ана Павловска-Данева.

Изборот на претседател, како што соопштија вчера од Уставниот суд пред почетокот на седницата се врши согласно член 7 од Деловникот за работа на Судот.

Уставниот суд на седница избира претседател на Уставниот суд од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање. Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд. Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите. Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува, соопштија од Уставен.

Сè уште актуелната претседателка на Уставниот суд во заминување, Добрила Кацарска, во телевизиско гостување пред два дена рече дека нема да предложи ниту еден кандидат за претседател на Уставниот суд, за тоа да не биде сфатено дека пренесува нечија порака.

Кацарска рече дека гласањето е тајно и дека не може да каже за кого таа ќе гласа. Но, секако дека, рече таа, ќе гласа за колега за кој смета дека ќе продолжи да го раководи судот на чесен, професионален, домаќински начин.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.