Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

0
By Zoran Ivanov on April 23, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 23, 2026 15:07

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов протест на 28 април од 13 часот, овој пат пред Уставниот суд, кој неодамна поведе постапка за оценување на уставноста на Колективниот договор за култура.

„Ако денес молчиме, утре нема да има што да браниме. Излези. Биде гласен“, стои во повикот за протестот на Синдикатот.

Синдикатот пред една недела организираше протест и пред Министерството за култура и туризам, каде културните работници изразија незадоволство од, како што рекоа, одлуката на Уставниот суд да поведе постапка против Колективниот договор, како и поради прекршувањето на договореното во начинот на пресметка на платите.

Уставниот суд не смее да биде алатка за реваншизам! Не смее да биде средство за казнување на оние што се гласни, што бараат, што постојат! Но ова не е прашање на милостина. Ова е прашање на права. Поднесовме 800 тужби, затоа што ни беа затворени вратите за дијалог, затоа што министерот одлуките ги носеше сам, со ‘негови експерти’, а без синдикатите“, рекоа меѓу другото од Синдикатот на протестот.

Оттаму порачаа дека културата не е трошок, туку инвестиција. Односно, „колку повеќе вложуваш во културата, толку повеќе добиваш – во луѓето, во свеста, во иднината на овој народ.

Но што добивме ние низ сите овие години? Институции сведени на бројки, наместо на вредности. Површни концепти наместо суштински визии. Губење на институционална тежина и доверба. Наместо систем што гради сигурност, добивме импровизација. Буџет зависен од политички одлуки. Унапредувања по блискост, а не по заслуга. Хиерархија на стручни звања која само формално постои без реална примена. Вработувања надвор од мерит-системот. Стратегии што се менуваат со секоја нова власт – и никогаш не заживуваат. Секоја власт со „нова визија“, а со тоа и прекин на долгорочните процеси. Истражувања се запираат, проекти се преиспитуваат, институциите стануваат терен за преориентација. Културата бара континуитет, таа е меморија. Таа бара стабилни институции – не привремени решенија, рекоа синдикалците.

Премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги протестите и револтот против Уставниот суд да поведе постапка за Колективниот договор, рече дека договорот не добил позитивно мислење од Министерството за финансии и дека за да биде тој применлив, неопходно е претходно да постои согласност од Министерството за финансии.

култура протест работници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.