Што всушност беше пораката до нас ако знаеме дека во дипломатијата ништо не е случајно ниту е здраво за готово ниту е како што изгледа на прв поглед, а има многу скриени пораки.
Особено за нас е неприфатлива и несватлива тезата да се оддели јазикот од идентитет на македонскиот народ и името на нашиот јазик – македонски јазик.
Проф. д-р Трајан Гоцевски
Во Атина дебата за придобивките и контраверзите околу Преспанската спогодба.Ништо невообичаено,ако не се случува во време кога Македонија треба да формира нова Влада,период во кој Преспанската спогодба станува многу актуелна.
Покрај останатите говорници мене ме загрижија ставовите на Н.Е.Метју Нимиц.
Што всушност беше пораката до нас,ако знаеме дека во дипломатијата ништо не е случајно,ниту е здраво за готово,ниту е како што изгледа на прв поглед а има многу скриени пораки.
Нимиц стариот искусен дипломат кој ги водеше преговорите за спорот на Македонија со Грција, никогаш не кажува празни зборови без некоја суштина.Не се истрчува и не носи одлуки за кои не е убеден и нема поддршка од својот работодавец САД.
И тука нема ништо нејасно. Во дадениот контекст тој спомна николку суштински рабити кои нашата дипломатија мора да ги анализира детално и да излезе со став. Еве за што се работи:
Првиот став беше околу недоразбирањата со Грција за македонскиот јазик. Нимиц за тоа рече:
„Посебноста на македонскиот јазик е светски признат и потврден во Обединетите нации“. Тој вели дека идентитетот и јазикот не беа дел од Преспанскиот договор, но на маса е ставен од Бугарија.
„За грчката страна проблемот не бил идентитетот туку името на јазикот, а во овој случај, (со Бугарија), станува збор за поинаков спор. Овие прашања се уникатни, имало ситуации кои биле слични, но и не така слични. Знаете, Преспанскиот договор се осврнува на јазикот. Не го користи зборот идентитет бидејќи тоа не е правен збор. Спорот со Грција не беше воопшто за јазикот, туку за името на јазикот. Со други зборови, грчката страна немаше проблем што имате убав јазик, посебен јазик. Но нивниот проблем беше дека ако се вика македонски јазик дека тоа би можело да даде впечаток дека има поврзаност со античките Македонци.
Второ,спорот со Бугарија е поинаков, тој е во однос на потеклото на јазиците. Јас не сум експерт за тоа, тоа не беше прашање во Договорот од Преспа, но е прашање за кое,ти, (Бугарите), сакаат да разговараат, така што тоа е предмет на дискусија“.
Едновремено, Нимиц е дециден дека идентитетот не може да биде предмет на преговори.
Но двете држави тоа треба тоа сами да го решат. Дали им е потребен медијатор или не, треба да одлучат самите, вели Метју Нимиц.
Спред мене,трите тези на Нимиц: а – за името на јазикот; б – дека јазикот не е дел од идентитеот и в – да се преговара навестувајќи и можна медијација; само како индикација се сериозни и не смеат да се остават неанализирани и без дипломатска активност за појаснување на нашата позиција.
Особено за нас е неприфатлива и несватлива тезата да се оддели јазикот од идентитет на македонскиот народ и името на нашиот јазик – македонски јазик.
(Од Фејзбук ѕидот на авторот)