Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проф. д-р Трајан Гоцевски: Ме загрижија ставовите на Н.Е. Метју Нимиц од Атина

0
By Zoran Ivanov on June 18, 2024 ИЗБОР
Foto: Sloboden Pecat
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 18, 2024 13:08

Што всушност беше пораката до нас ако знаеме дека во дипломатијата ништо не е случајно ниту е здраво за готово ниту е како што изгледа на прв поглед, а има многу скриени пораки.

Особено за нас е неприфатлива и несватлива тезата да се оддели јазикот од идентитет на македонскиот народ и името на нашиот јазик – македонски јазик.    

Проф. д-р Трајан Гоцевски

Во Атина дебата за придобивките и контраверзите околу Преспанската спогодба.Ништо невообичаено,ако не се случува во време кога Македонија треба да формира нова Влада,период во кој Преспанската спогодба станува многу актуелна.

Покрај останатите говорници мене ме загрижија ставовите на Н.Е.Метју Нимиц.

Што всушност беше пораката до нас,ако знаеме дека во дипломатијата ништо не е случајно,ниту е здраво за готово,ниту е како што изгледа на прв поглед а има многу скриени пораки.

Нимиц стариот искусен дипломат кој ги водеше преговорите за спорот на Македонија со Грција, никогаш не кажува празни зборови без некоја суштина.Не се истрчува и не носи одлуки за кои не е убеден и нема поддршка од својот работодавец САД.

И тука нема ништо нејасно. Во дадениот контекст тој спомна николку суштински рабити кои нашата дипломатија мора да ги анализира детално и да излезе со став. Еве за што се работи:

Првиот став беше околу недоразбирањата со Грција за македонскиот јазик. Нимиц за тоа рече:

„Посебноста на македонскиот јазик е светски признат и потврден во Обединетите нации“. Тој вели дека идентитетот и јазикот не беа дел од Преспанскиот договор, но на маса е ставен од Бугарија.

„За грчката страна проблемот не бил идентитетот туку името на јазикот, а во овој случај, (со Бугарија), станува збор за поинаков спор. Овие прашања се уникатни, имало ситуации кои биле слични, но и не така слични. Знаете, Преспанскиот договор се осврнува на јазикот. Не го користи зборот идентитет бидејќи тоа не е правен збор.  Спорот со Грција не беше воопшто за јазикот, туку за името на јазикот. Со други зборови, грчката страна немаше проблем што имате убав јазик, посебен јазик. Но нивниот проблем беше дека ако се вика македонски јазик дека тоа би можело да даде впечаток дека има поврзаност со античките Македонци.

Второ,спорот со Бугарија е поинаков, тој е во однос на потеклото на јазиците. Јас не сум експерт за тоа, тоа не беше прашање во Договорот од Преспа, но е прашање за кое,ти, (Бугарите), сакаат да разговараат, така што тоа е предмет на дискусија“.

Едновремено, Нимиц е дециден дека идентитетот не може да биде предмет на преговори.

Но двете држави тоа треба тоа сами да го решат. Дали им е потребен медијатор или не, треба да одлучат самите, вели Метју Нимиц.

Спред мене,трите тези на Нимиц: а – за името на јазикот; б – дека јазикот не е дел од идентитеот и в –  да се преговара навестувајќи и можна медијација; само како индикација се сериозни и не смеат да се остават неанализирани и без дипломатска активност за појаснување на нашата позиција.

Особено за нас е неприфатлива и несватлива тезата да се оддели јазикот од идентитет на македонскиот народ и името на нашиот јазик – македонски јазик.

(Од Фејзбук ѕидот на авторот)

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.