Претседателот на САД, Џо Бајден, нема апсолутно никаква намера да ја повлече својата кандидатура за втор мандат, изјави денеска во Вашингтон портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
Демократот Бајден продолжува да води кампања и останува во трката, истакна Жан Пјер на брифингот со новинарите.