НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Кредитот на Мицкоски е политичко заложништво

0
By Zoran Ivanov on July 12, 2024 ВЕСТИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кредитот кој премиерот Христијан Мицкоски го зема од унгарскиот Виктор Орбан е форма на политичко заложништво, вели претседателот на ССМ за Дојче Веле.

Венко Филипче е загрижен дека потезите на премиерот Христијан Мицкоски ја водат земјата кон политичко заложништво во однос на Унгарија и вели дека стравува дека Мицкоски сака да го имплементира системот на Виктор Орбан во Македонија.

Мицкоски во четвртокот соопшти дека со унгарскиот премиер Виктор Орбан договорил државен заем од 500 милиони евра со камата од 3,25 проценти, три години грејс период и 12 години рок на отплата.

Филипче за Дојле Веле вели дека е загрижен поради ваквиот чекор на премиерот.

Јас сум навистина загрижен дека станува збор за една форма на политичко заложништво кон Унгарија и директно од Виктор Орбан. Очигледно е дека тој сака да стане патрон на Христијан Мицкоски. Да потсетам дека неговата партија е исфрлена од европското семејство ЕПП и сега таа партија од Унгарија соработува со партиите на радикалната десница. Стравувам дека под диктат на Виктор Орбан такви политики Христијан Мицкоски ќе почне да имплементира тука кај нас, вели Филипче.

Виктор Орбан и Христијан Мицкоски во ВашингтонФотографија: Regierung Nordmazedonien

Лидерот на СДСМ вели дека кредитот не е поволен ниту од економски аспект, и наведува дека владата на неговата партија му дала кредит на стопанството од 150 милиони евра преку Европската банка за обнова и развој, со каматна стапка од само 1,6%.

Во споредба со овој којшто се нуди со каматна стапка од над 3% и очигледно некои скриени трошоци кои допрва ќе излезат на виделина. Во таа смисла очигледно е дека не станува збор за некаков економски бенефит туку за политичка одлука, вели Филипче.

Дипломатски дебакл во Вашингтон

За настапот на македонската делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон, Филипче вели дека бил „еден голем дипломатски дебакл.”

Нашата делегација немаше средба на виско ниво со ниту еден од претставниците на нашите стратешки партнери, САД, Германија, Франција, Велика Британија, се што видовме беа само протоколарни снимки и некои селфиња правени по ходници.

Сметам дека нашата делегација таму беше изолирана. Таа изолација е дополнително ризична имајќи предвид дека се отвораат нови жаришта, тука, дома, кон соседите. Повторно се отвора веќе затвореното прашање со Грција, понатаму, ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека ќе се бори за подобрување на нашата положба со Бугарија, а тоа не само што не се случува туку повеќе од јасни се дека од нивните позиции нема да остапат. Што значи дека се соочуваме со една изолација којашто може да биде поопасна од таа што беше во 2016 година, со кризи, со две соседни земји, членки на ЕУ и една политичка зависност, ризик од политички диктат од земја којашто очигледно во последно време е свртена кон истокот,“ вели Филипче за германската Дојче Веле на македонски јазик.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.