НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Илинден 2024: Пелинце, Крушево, Собрание – преглед на Нова

0
By Zoran Ivanov on August 2, 2024 ВЕСТИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Гордана Сиљановска-Давкова: Битката за младите, за најдобрите и најталентираните е битка за четвртата македонска Република

Пелинце: Битката за младите, за најдобрите и најталентираните. Битката за знаењето наспроти незнаењето, за извонредноста наспроти просечноста, за креативноста наспроти деструктивноста, за заштита на нашите шуми, на животите и имотите на нашите граѓани од огнените стихии е битката за четвртата македонска Република, порача денеска претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на чествувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката во Пелинце.

-Успехот на Републиката се мери според тоа дали таа е пристојно место за живеење и дали им нуди еднакви шанси за напредок на сите. Токму ова право е загрозено од корупцијата и од непотизмот коишто изминативе години и децении, создадоа двојни стандарди, го нарушија владеењето на правото и го поткопаа општото добро. Но, и од долгогодишните неправедни блокади на нашите европски и евроатлантски интеграции коишто ја исцрпуваа државата, додаде претседателката.

Оваа битка ќе ја добиеме само со европеизација на државата, со владеење на правото, со борба против корупцијата, со ефикасни институции, со компетитивна економија, со демократски вредности и демократска политичка култура, со човекови права и слободи, конечно, со функционални системи што ќе можат да се справат со пожарите, поплавите и другите елементарни непогоди. За да ја добиеме оваа битка, мора да ги вклучиме младите во секоја етапа на носење одлуки што се однесуваат на нив и на нивната иднина. Ние не смееме да носиме одлуки за младите без младите. Оваа битка е и нивна битка, ваша битка, што можете да ја водите само тука, во својата татковина. Оваа битка мора да започне уште денес и ние мора да ги вложиме сите наши лични и институционални капацитети. Вистинскиот патриотизам се докажува не со празни зборови, не со гола реторика, туку со работа, со труд, рече престедалката.

Нашата Република беше зачната од европските идеали за слобода од тиранијата, еднаквост пред законот, братство меѓу луѓето и народите. Тоа нѐ прави еднакви наследници на врвните европски придобивки. И затоа, освен географски, ние и вредносно, политички и економски припаѓаме кон големото европско семејство. На нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, сѐ уште се соочуваме со непринципиелни услови што постојано се менуваат.

Но, знаеме дека меѓу земјите членки имаме многу пријатели коишто се застапуваат за нас и ја будат европската совест кон случајот со нашето маратонско интегрирање. Ние мора да им помогнеме со тоа што нема да отстапиме од зацртаниот европски пат. Тоа е и нашиот пат. Македонските институции се подготвени за европските реформи. Но, од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговорите. Нашето место беше и е во Европа, но со заштитен македонски идентитет, јазик, култура и историско паметење, меморија, рече претседателката.

Таа повика да се помогнат младите на автенитчен, креативен начин исто како илиденците и асномците да креираат европски вредности и придобивки, посочувајќи дека така ќе се направи Републиката пристојно место за живеење, за граѓаните од сите заедници, религии.

Сиљановска-Давкова положи цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце и ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамките на чествувањето настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”. Цвеќе положија собраниска делегација, владина делегација, сојуз на борци, на генералшатбот на Армијата, на локални власти на Куманво и Старо Нагоричане, на дипломатскиот кор, полтитички партии, граѓански здруженија.

Христијан Мицкоски: Опозицијата води политика на ниски страсти, нема да дозволам да не’ повелече во кал

Мечкин Камен: Илинденците и партизаните со оружје за слобода, а ние со ум, визија и енергија за иднината. Ваква порака испрати Христијан Мицкоски од Мечкин Камен во своето прво илинденско обраќање како премиер на државата. Мицкоски говореше на повеќе теми меѓу кои борбата на народот низ годините и денес, опозицијата и барањата дома, блокадите и условувањата од Бугарија, евроинтеграциите, иднината на младите луѓе.

Според Мицкоски, денес имаме сериозни обиди за нарушување на единството од поединци кои си играат со колективните судбини. Премиерот уверува дека кога дошле на власт затекнале не само запоставена држава и институции туку и ограбена и недомаќински разграбена држава по сите параметри. Ја критикуваше опозицијата дека сега се радува за пожарите и прави политика од колективната несреќа.

Политиката на ниски страсти која ја водат говори само за недостаток на визионерство, конфликтите од внатре кои сакаат да ги пренесат надвор, нивните проблеми, да станат проблеми на нацијата и давењето во калта во која сакаат сите да не повлечат. Е тоа нешто кое нема да го дозволам, рече Мицкоски оддавајќи им почит на пожарникарите и луѓето кои и денес се на терен и се борат со огнените стихии.

Шефот на македонската Влада во говорот се осврна и на прашањето со Бугарија, повторувајќи го ставот за изнаоѓање на достоинствено решение.

Ние ќе водиме дијалог, но со блага горчиња ќе се присетиме дека држави кои направија многу помалку од нас, но и без политички сопки на тој план сега се рамноправни членки. Тој интегративен процес мора да биде двонасочна улица во кој ќе се слуша и нашиот глас. И верувам во решенија диктирани од разум, а не од силата. Решенија кои ќе создаваат и носат иднина, наместо живот во минатото, рече Мицкоски.

Во продолжение изрази загриженост за, како што рече, елементи и субјекти во општеството кои континуирано на маса ставаат барања кои создаваат конфликти и го напаѓаат единството.

Ајде да зборуваме за повеќе пари за народот и економија. Ајде да отвориме дебата за економијата и како да ги решиме проблемите на граѓаните овде во Крушево, Гостивар, Дебар или Струмица и Прилеп, Кавадарци или Кичево. Подавам рака за решавање на проблеми, за конструктивни дијалози и за предлози како до подобар живот. Подавам рака за дијалог за економска, правна, чувствителна обнова за нашата заедничка Македонија. Еве ги слушам вашите предлози. Да обезбедиме единство за економска иднина. Така ќе го градиме единството и ќе создадеме иднина за сите, рече Мицкоски.

Африм Гаши: Патриотизмот е многу повеќе од говорница, нашата сила е различноста

Скопје: Мултикултурна и мултиконфесионална, нашата држава е уникатен гоблен извезен од сите различности, а тие различности се темелот врз кој се развива и напредува и денес нашата држава, рече во обраќањето собранискиот преседател.

Тој апелираше да не се губи енергија на несуштински и споредни моменти, туку да се фокусираме на реформи и напредок во образованието, здравството, судството, дигитализацијата и прашања значајни за посветеност и прашања од чие одобрување зависи и подобрување на квалитетот на секојдневието на граѓаните на Северна Македонија.

-Да се издигнеме над состојбите и да најдеме фактори на обединување наместо на разединување. Нашата сила како општество се состои од нашата различност. Мозаикот на култури, јазици и традиции што ја сочинуваат Северна Македонија не е само доказ за нашето богато наследство, туку основа за нашата иднина. Во овие предизвикувачки времиња ние мора да се здружиме, надминувајќи ги етничките и културните граници. Нашето единство е нашето најголемо богатство и токму преку ова единство ќе постигнеме величина, рече Гаши.

Во таа насока додаде дека токму Крушевскиот Манифест од 1903 година е обединувачкиот документ за сите кои и сакале добро на нашата земја. Заложбата на Илинденците, видоизменета, трае и денес.

-Идејата која треба да нè обедини денес е патриотизмот и заедничката цел за подобра држава. Патриотизмот е многу повеќе од парола, многу повеќе од изјава за медиуми или говорница. Патриотизмот е искрена посветеност кон нашата земја и нашите граѓани. Патриотизмот е влог во државата преку чесна работа, добри одлуки, себе – вложување за доброто денес и уште подобро утре, рече Гаши од обраќањето.

Гаши се осврна и на евроинтеграциите потенцирајќи ја увереноста дека ние ќе изнајдеме решенија, сила и волја и на тој пат, за да ги надминеме и час поскоро да бидеме членка на ЕУ.

Нашето членство во Европската Унија не е само политичка цел; тоа е посветеност на збир на вредности и принципи кои ќе ја унапредат нашата држава. Патот до членство во ЕУ е пат кон економски просперитет, социјален напредок и посилна демократија. Тоа е патување кое бара посветеност, напорна работа и колективна одговорност, рече Гаши.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.