НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Досега за пругата кон Бугарија фрлени во ветер околу 200 милиони евра

0
By Zoran Ivanov on August 5, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вредноста за изградба на оваа пруга е 155 милиони евра. На изведувачот „Ѓулермак“ му се исплатени 20,2 милиони евра, а прогресот на градежните работи е околу 15 проценти – ни изјавија од Министерството за транспорт.

Весна Дамчевска

Во првиот обид од 1994 година да се гради пруга кон Бугарија биле потрошени 120 милиони долари. Во вториот обид, кој почна од 2014 година, потрошени се 81,3 милиони евра. Веќе е одобрен и заем од 350 милиони евра и е добиен грант од 150 милиони евра

Два неуспешни обиди за изградба на пругата кон Бугарија и залудно потрошени околу 200 милиони евра, е епилогот за лошо планираната и реализирана желба за железничко поврзување со нашиот источен сосед.

Првиот обид почна во далечната 1994 година, кога премиер беше Бранко Црвенковски и се туркаше до 2004 година. Од тоа време сведочат документи, вијадукти и бетонски столбови, кои ги јаде времето. Тогашните процени биле дека целата пруга до Бугарија ќе чини околу 150 милиони долари, а се обезбедија 120 милиони долари за што беше донесен Законот за обезбедување средства за финансирање на Програмата за изградба на железничката пруга Куманово – Бељаковце – Крива Паланка – Деве Баир во 1994, 1995 и 1996 година. Во 2012 година се укина овој закон и престанаа да важат договорите и анексите со петте градежни фирми: Ремонт на пруги АД – Скопје, ДГ Бетон АД – Скопје, АДГ Маврово – Скопје, ГД Гранит АД – Скопје и АДГ Пелагонија – Скопје. Во меѓувреме, овие договори ниту биле исполнети ниту биле раскинати.

По загубата од 120 милиони долари од првата неуспешна фаза, повторно почна да се гради пругата кон Бугарија. Овој пат во 2014 година кога премиер беше Никола Груевски. Досега, според информациите што ги доби „Слободен печат“ од Министерството за транспорт и врски, потрошени се 83,1 милиони евра, дополнително веќе ни е одобрен заем од два кредитори во вредност од 350 милиони евра, како и неповратни дури 150 милиони евра

Изградбата на пругата на источниот дел на Коридорот 8 беше планирана во три фази.

Првата фаза од Куманово до Бељаковце е во должина од 30,8 километри.

Вредноста на изградба на оваа фаза е 40,4 милиони евра, а до сега кон изведувачот „Штрабаг“ се исплатени 25,7 милиони евра. Исто така, информираме дека во 2017 година за изградба на истата пруга беше раскинат договорот со претходниот изведувач „Вибе“, кому му беа исплатени 33,7 милиони евра и плус 3,5 милиони евра оштетни побарувања – велат од Министерството за транспорт и врски.

Втората фаза е од Бељаковце до Куманово и е во должина од 34 километри.

Вредноста за изградба на оваа пруга е 155 милиони евра. На изведувачот „Ѓулермак“ му се исплатени 20,2 милиони евра, а прогресот на градежните работи е околу 15 проценти – ни изјавија од Министерството за транспорт.

Оттаму велат и дека во однос на третата фаза од Бељаковце до Крива Паланка, обезбеден е заем, и тоа 175 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, потоа заем од 175 милиони евра од Европската инвестициона банка, како и 150 милиони евра грант од ВБИФ – Инвестицискиот фонд за Западен Балкан.

Исто така, од ИПА-компонентата се обезбедени 60,2 милиони евра, но поради неискористеност на средствата до 2023 година, повлечено е користењето на 35 милиони евра од оваа програма – прецизни се од Министерството

.https://www.slobodenpecat.mk/bugarskata-vlada-go-povikuva-skopje-da-gi-ispolni-obvrskite-za-prugata/

Од Владата веќе најавија дека ќе бараат од ЕБОР и од ЕИБ пренамена на парите и нивно насочување кон реконструкција на пругата Север – Југ. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.