Оставката на премиерката на Бангладеш, Шеик Хасина Вазед, по еднонеделните насилни протести беше објавена денеска во телевизиско обраќање на началникот на армијата. Вниманието повторно е насочено кон историјата на оваа земја, исполнета со политички бунтови и преврати.
Ројтерс ги посочи превратните точки на несогласувањата во земјата.
Во1975 година
Првиот премиер на Бангладеш, Шеик Муџибур Рахман, таткото на Хасина, беше убиен заедно со поголемиот дел од неговото семејство во државен удар што доведе до долг период на воено владеење. По уште два државни удари во истата година, генералот Заур Рахман дојде на власт во ноември.
Во 1981 година
Заур Рахман беше убиен од бунтовниците кои упаднаа во владината куќа за гости во градот Читагонг, каде што живееше. Се верува дека насилството било дело на мала група армиски офицери, но самата војска останала лојална и востанието било задушено.
Во 1982 година
Абдус Сатар, кој го наследи Рахман, беше сменет со крвав пуч предводен од Хусеин Ершад, кој ги презеде функциите на главен воен водач и подоцна го презеде претседателството.
Во 2007 година
Врховниот командант на армијата организира државен удар и ја поддржува преодната влада, која управува со земјата во следните две години, додека Хасина не дојде на власт во 2009 година.
Во 2009 година
Незадоволството од платите и условите за живот доведе до бунт на паравоените сили, во кој во главниот град Дака беа убиени повеќе од 70 лица, повеќето од војската. Бунтот се прошири во десетици градови и заврши по шест дена, кога гневните гардисти се предаваат по серија убедувања,
Во 2012 година
Армијата на Бангладеш соопшти дека спречила обид за државен удар на пензионирани и активни војници, мотивиран од кампањата во земјата за воведување шеријат – исламски закон.
Во 2024 година
Началникот на вооружените сили на Бангладеш, генерал Вахар- уз-Заман рече дека Хасина поднела оставка поради насилните протести против воведувањето на системот на квоти и дека ќе се формира преодна влада која ќе раководи со земјата