Олимпијадата во 2024 година вечерва ја спушти завеста со завршаната церемонија на затворањето. Олимпискиот стадион во Париз со 70 илјади гледачи вечерва беше претворен во огромна спортско концертна сала. Настапија повеќе од 100 изведувачи, акробати, танчери и циркуски уметници.
Олимпијадата официјално беше отворена на 26. јули.
На затворањето настапат Били Ајлиш, Снуп Дог, Ред Хот Чили Пеперс и Х.Е.Р.
Олимписката арена Стад де Франс беше претворена во гигантска концертна сала, настапија повеќе од 100 изведувачи, акробати, танчери и циркуски уметници.
Сакаме да славиме, но свесно. Овој момент на славење ќе биде и можност да размислиме за важноста на Олимписките игри во нашето општество, изјави претходно Жоли па дизајнирав шоу во кое Олимписките игри исчезнуваат уште еднаш, а некој доаѓа и ги основа. Спортисти од целиот свет, рече таа.
Том Круз, познатиот холивудски филмски глумец го презеде олимпиското знаме и со мотор го напушти парискиот олимписки стадион на патот за Лос Анѓелес.
Натпреварувачкиот олимписки епилог изгледа вака:
Кина и Соединетите Американски Држави со по 40 златни медали се најуспешните нации на Олимписките игри во Париз.
Најмногу медали во 16-те натпреварувачки денови освоија американските спортисти, вкупно 126, а со одличја се закитија натпреварувачи од 91 држава.
Македонија на игрите во Париз настапи со шест олимпијци во пливање, таеквондо, борење, атлетика, стрелаштво и џудо.
Топ 5 најуспешни нации на Игрите во Париз:
Злато- сребро- бронза -вкупно
САД 40 44 42 126
Кина 40 27 24 91
Јапонија 20 12 13 45
Австралија 18 19 16 53