Десетина дронови се уништени додека се приближувале до градот во регионот околу Киев, соопшти на Телеграм Серхиј Попко, шеф на воената администрација на Киев.
Тој додаде дека оценката за јачината на нападот ќе биде денеска.
Во исто време, остатоци од уништени беспилотни летала лансирани од Украина насочени кон руската област Саратов оштетиле неколку куќи во градовите Саратов и Енгелс, соопшти денеска гувернерот на регионот кој се наоѓа неколку стотици километри југоисточно од Москва.