Владата, кабинетот на Претседателката, протоколот и МНР, мораа да знаат каде одат на посета и со кого си имаат работа. Румен Радев не сака да слушне,ни за Македонија, ни за Македонците и реално беше да се очекува подметнување и навреда од негова страна. Токму поради тоа,посетата на шефицата на државата, мораше до детали да биде подготвена,со јасна агенда,што треба да прави од нејзиното влегување во Бугарија до напуштањето.
Тито Петковски
Заради суета и отсуство на пристојност кај некои претставници на македонската влада,односите со Бугарија влегуваат во ќор сокак.
Веднаш по изборите,македонската влада декларираше подготвеност за разговори и преговори со Бугарија околу македонскиот пат кон ЕУ.При тоа соопшти дека,за ова прашање нема намера да преговара со техничката бугарска влада и ќе ја чека следната политичка влада на Бугарија,која ќе се избере по следните парламентарни избори кај нашиот источен сосед.
На страна од тоа што,досегашното искуство покажува дека нема никаква гаранција дека и по следните избори,Бугарија ќе состави политичка влада.
Во меѓувреме,посетата на македонската претседателка на Бугарија и не истакнувањето на македонското знаме при средбата со бугарскиот претседател,предизвика лавина реакции од двете страни.
Македонската влада,целата вина ја префрли на бугарската.Работите отидоа до таму што,нашата влада одлучи да му врачи протестна нота на бугарскиот амбасадор во Скопје,кој таа ја одби,укажувајќи при тоа дека Бугарија постапила согласно дипломатскиот протокол,кога станува збор за неофицијална посета на шеф на држава на странска држава.
Откако нотата беше одбиена,нашата влада побара извинување од бугарската влада. Бидејќи извинување од бугарската страна сеуште нема,не дај Боже,македонската влада да го протера бугарскиот амбасадор од Македонија. Доколку тоа се случи, повеќе од сигурно е дека ќе следи реципрочна мерка од Бугарија и нашиот амбасадор во Софија ќе биде протеран.
Згора од тоа, министерот Николовски упати низа навреди кон министрите во бугарската техничка влада (“не способни”) и кон бугарските гтаѓани (“не цивилизирани”). Чин на трошка пристојност!!
После се’, се поставува прашање,како и во каква атмосфера ќе се одвиваат македонско-бугарските преговори.
Проблемот да биде уште по голем, македонската влада го примени составот на т.н Историска комисија,обвинувајќи ги поранешните членови дека “не ги штителе доволно ,македонските национални интереси”,што значи дека попуштале пред бугарските притисоци.
Во целиот овој галиматијас, македонската страна не покажува ни трошка самокритика за сопствените пропусти при подготвувањето на посетата на нашата претседателка на Бугарија.
Пред се’, Владата, кабинетот на Претседателката, протоколот и МНР, мораа да знаат каде одат на посета и со кого си имаат работа. Румен Радев не сака да слушне,ни за Македонија, ни за Македонците и реално беше да се очекува подметнување и навреда од негова страна. Токму поради тоа,посетата на шефицата на државата, мораше до детали да биде подготвена,со јасна агенда,што треба да прави од нејзиното влегување во Бугарија до напуштањето.
Доколку нашата влада имаше таков пристап кон посетата, до овие,крајно штетни последици во македонско-бугарските односи немаше да дојде. На спроти тоа,претставниците на македонската влада и некои медиуми, крајно суетно и арогантно се однесуваат кон добронамерните критики и забелешки кон нивните пропусти.
Без никаква лоша намера, сакам да прашам зарем толку е тешко да се собере храброст за да се кажедека погрешивме, превидовме, лошо процениме? Не знаевме?
Зошто во секој гест или напор кај другиот да гледаме задна намера, личен или партиски интерес, манипулација, дури и до бесна упорност, (Николовски), да се омаловажува и дискредитира.
Мислам дека е време да присобереме енергија, не да се уништуваме меѓу себе, туку да создадеме една цивилизирана можност за сите.
Само така мислам дека ќе растеме и ќе се развиваме и како нација и држава.
Од Фејзбук ѕидот на авторот