Непримерени се сите описи кои на историскиот Христос се обидуваат да го проектираат јазикот на хероизмот и културата на гениусот-а истото важи и за јазикот на фанатизмот и апостолско апологетската ароганција. Се се тоа изрази на гневот кој постои кај застапниците и амбициите што ги негувале следбениците.
Бранко Тричковски
Божик не е само ден на радоста и љубовта туку и ден кој пружа основи длабоко да се нурнеме во смислата на верата и во науката за верата, подлабоко од црковните доктрини.
Достоевски, како филозоф на религијата и критичар на субјективитетот, Ниче, Слотердијк, да не говориме за радикалните критичари и негатори какви што се Хиченс и Доукинс и други автори, аргументирано не исправаат пред поинакви видувања од оние што ги слушаме на литургиите и мисите или во теолошките трактати и расправи на религиските догматици.
Сакам, заедно со честитките до сите католици, да изнесам тука некои од тие погледи, работа што ќе ја направам и кога ќе дојде православниот Божик
Врзете се, полетуваме!
Непримерени се сите описи кои на историскиот Христос се обидуваат да го проектираат јазикот на хероизмот и културата на гениусот-а истото важи и за јазикот на фанатизмот и апостолско апологетската ароганција.
Се се тоа изрази на гневот кој постои кај застапниците и амбициите што ги негувале следбениците.
Што се однесува до конкретниот тип на евангелскиот спасител, би требало да му се пристапи со една достојна медицинска категорија:”Речено со строгиот јазик на физиологијата, тука еден друг збор би бил на место: зборот идиот.” (Антихрист, Ниче)
Внимавајте на образложенијата на тие разлики.
Тие немаат намера да потценуваат, навредуваат, растураат…
Во обичните ангелетски системи, смета Слотердијк, спасителот настапува пред луѓето и ги покренува како метафизички доушник, силата на неговиот став произлегува од испраќачот, а неговата порака е пробојна.
Ова е класиката што ни се репризира два милениума.
Но, во идиотскиот систем спасителот е Никој, тој нема основа во некој висок мандат. Неговите зборови сите присутни ги сметаат за детски и празни, а неговото присуство го гледаат како необврзувачко и минливо. Но, имено затоа што е таков, на соговорниците им се отвораат ушите и тие почнуваат да слушаат, а центрите на нивните психички пориви стануваат активни. За него е отворен посебен премин до луѓето, но не затоа што е детинест во вообичаената смисла на зборот; можеме да го наречеме детинест само ако детинеста ја наречеме неговата особина во размената со другите да не го манифестира сопственото сопство, туку спремноста на другите да им се стави на располагање како дополнување на него самиот.
Кога е нечие однесување детинесто на така сфатен начин, тогаш се добива тоа што Достоевски го артикулира како идиот.
Мојата вера не е врзана со ниту едно од овие изданија на Исус, но како на неутрален посматрач, поблиска ми е идиотската.
И уште нешто: Ако е Исус богочовек, ако имаме слики дека цица од Богородица, односно дека се храни, дека приредува вечери и свадби, дека како мал бил повиен, се поставува прашањето дали Исус дефецирал. Односно како бог во човечки лик морал да дефецира, но нема траги од неговиот измет. Не е сочуван ниту еден памперс. Или има ама тоа верските власти накнадно го елиминирале и како факти и како сознание затоа што сметале дека тоа може да му штети на репутацијата на богочовекот и на неговите земски застапници.
Ова не е злобно ситничарење туку битен доктринатен елемент затоа што ако Исус не дефецирал тој не може да биде богочовек туку метафизичко совршенство кое е затворено во себе и енергетски се одржува преку автокопрофагија.
Целата доктрина и наративот на христијанството може да падне ако не се најде некоја пелена или исушено говно од Христос.
Како што е најдена плаштеницата.
Експедицијата која треба да го открие памперсот на Исус, според мене треба да биде највисок приоритет на Ватикан, понеже православните цркви се во постојана потрага по пелените на своите нации!
И една мала дигресија: до скоро време од исушениот измет на Далај Лама, Тибетанците правеле апчиња што ги користеле во тешки моменти.
Од Фејсбук ѕидот на авторот