НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од следната сезона ВАР системот и на македонските стадиони

0
By Marija Todorovska on January 29, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопје: Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку веќе формираниот проектен тим за имплементација на ВАР системот започна со реализација на активностите поврзани со системот за помош на судиите преку видеотехнологија.

ВАР системот во македонската фудбалска лига (МФЛ) треба да започне да се употребува од почетокот на следната натпреварувачка сезона 2025/26. ФФМ веќе ги извести УЕФА и ФИФА за отпочнувањето на имплементациските активности

Лидерот на проектниот тим за имплементација на ВАР Дејан Јакимовски информира за динамиката на активностите.

Одржавме првичен on-line состанок со ФИФА и веќе дефиниравме дел од важните постапки за имплементација на ВАР системот во МФЛ. Според првичниот план и динамиката на активности, планирано е  да започнеме со употреба на видео-технологијата од следната натпреварувачка сезона. Прва МФЛ, Куп на Македонија (од 1/4 финална фаза), Куп на Македонија (финале – жени) и бараж натпревари за Прва МФЛ се натпреварувањата кои ќе бидат опфатени. Нашата намера е да имплементираме централизиран ВАР систем, посебна просторија во ФФМ, а во зависност од понудите на ВАР провајдерите ќе се започне со употреба на најмногу шест камери по натпревар.

Тоа што, исто така, е исклучително важно за нас е што започнавме со плановите за едукација на ВАР судии. На почеток на месец март во Скопје ќе организираме дводневна работилница на која ќе учестуваат експерти од ФИФА, нашиот проектен тим, судиската и натпреварувачката комисија во ФФМ и останати лица вклучени во проектот, истакна Јакимовски.

Исто трака, во периодот кој следува ќе се почне со адаптирање на инфраструктурата на стадионите, односно создавање на минимум потребни за добивање лиценца, односно дозвола за одигрување на натпревари. Лиценцирањето на стадионите, централизираните ВАР соби и ВАР судиите го врши единствено ФИФА.

Во ВАР проектниот тим во Фудбалската федерација на Македонија се вклучени уште и Димитар Мечкаровски, Јосип Бартон, Горан Спиркоски и Никола Караколев.

Со имплементацијата на ВАР системот во МФЛ ќе се добие подобрување на правичноста и транспарентноста во носењето на судиските одлуки на натпреварите. 

ВАР систем Стадиони ФФМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.