Вашингтон: Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека од денеска ќе воведе високи царини од 25 отсто за стоките од Мексико и Канада, како и 10 отсто за увозот од Кина, и дека ниту една од тие три земји не може да не прави ништо за тоа да го одложи.
Меѓутоа, Трамп ја спомена можноста за исклучок за нафтата од Канада, наведувајќи дека царината за тој производ ќе биде 10 проценти, а најави и дека кон средината на февруари ќе бидат воведени повисоки царини за нафтата и природниот гас, што доведе до зголемување во цената на нафтата, јавија британските медиуми.
Американскиот претседател објасни дека овие цени ќе важат додека земјите не преземат поголеми мерки за намалување на протокот на мигранти и фентанил преку американската граница.