Темелко Ристески: Судијата (маж или жена) што земал мито за да пресуди како што бара давателот на митото; судијата кој го држел предметот во фиока чекајќи тој да застари; судијата кој фалсификувал исправи; судијата кој на постапил по жалбата во преметот на младиот човек за да тој, по правосилноста на пресудата се најде таму каде што му е местото, а не да беснее возејќи скапа кола и беснеејќи да усмрти млад човечки живот; судијата кој пет месеци не донесол решение по поднесокот за повлекување на тужбата за да може предметот да му се врати на првостепениот орган на управата тој да си ја заврши својата работа по второстепеното решение донесено во корист на странката и сл. не е судија. Во неговиот морален лик исчезнал судијата угледник и наместо него дошол без угледен нечесник. Такви судии во редовите на делителите на правдата и слуги на праведната Јустиција кај нас има многу, а не смее да има ни еден. „Правдата е најголема добродетел. Таа создава среќа во заедницата. Нејзиниот сјај е поголем од оној на ѕвездата Вечерница и Деница“ – воодушевено пишува премудриот Аристотел. Без угледните судии – нечесници силно го затемнија угледот на нашето правосудство и доведоа до тоа само два проценти од граѓаните да имаат доверба во него.