Во Нова Пазова и во две белградски опшптини, Палилула и Нови Београд, за денеска се најавени „збор-на-граѓани“ како „директна демократија“, како дел од чекорите на вониституционална политичка мрежа што се создава во Србија во изминатите неколку денови.
Под слоганот „Попаметниот не попушта, попаметниот се организира“, студентите од Факултетот за организациски науки -ФОН во блокада, пред неколку дена најавија одржување на првите граѓански собири што се реализираа во -Младеновац, Вршац, Лозница, Смедерево, Сремска Митровица, Аранѓеловац …
Тие дополнително објавија „Прирачник за зборско организирање“ каде објаснија што е директна демократија; што е граѓански збор; зошто се важни; што овозможува зборна-граѓаните; како се врши притисок врз одговорните и други прашања.
Тоа се собири за јавна дискусија меѓу граѓаните за проблемите и нивните решенија, како одговор на недоволната реакција од надлежните градски власти.
На предлог на студентите-во-блокада до граѓаните низ Србија да свикаат збор-на-граѓани и со тоа да помогнат во борбата против неправедниот и корумпиран режим, се организираа многу градови. Таков вид собир не е исто што и протест, па студентите во блокада ги издвоија и објаснија тие два поима, во прирачникот -со образложение дека збор-на-граѓани е всушност она што станаа пленумите од почетокот на блокадите на факултетот.
Сведоци сме дека граѓаните ја загубија довербата во градската власт која е одговорна да се грижи за градот и за проблемите на неговите жители, па решија сами да ги решат на овој начин, објаснуваат тие.