Зоран Иванов
Работниците утре ќе маршираат!
Ден на трудот е. 1-ви мај.
Историски традиционален ден работнички. Светски.
Ќе прозвучи патетично, контрадикторно, конфузно, па сепак. Ако се фраери, секако. Овојпат во маршот синдикален, во маршот работнички, би било добро да се приклучат и работодавачите.
И тие да замаршираат еднаш, макар само да зачекорат во поворката првомасјска зад своите работници.
Зад тие што уште останаа во земјава.
Зад тие што им го одржуваат бизнист и што им го создаваат развојот.
И што им го овозможуваат профитот.
Да, извртено, но …
Но без своите работници, без нивниот катадневен труд, и тие, газдите, и тие сопственици на капиталот, не ќе беа сопственици и газди.
Ќе беа и тие, ќе беа само нечии недоволно ценети граѓани.
И тие, газдите, ќе беа само нечии недоволно платени работници.
И, некои од нив, ќе беа во странство.
Ќе беа работници таму и ќе работеа за профитот на некој свој тамошен газда.
И за профитот на некоја друга земја.
Па, па затоа, бар додека и овие што ви останаа овде не ви речат м`рш, си заминуваме и ние, пробајте со малку повеќе почит. Преку нивните плати, секако.
Маршот утре е нивен, работнички.
Ама и ваш, газдински.
Честитајте им го Денот. Пробајте, не боли.