НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Будењето на Данела

0
By Zoran Ivanov on May 30, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Без оглед колку некој сака да ја релативизира целата работа и сите обвинувања на градоначалничката потсмевајќи се со нејзиното будење на крајот од мандатот, еве да ги потсетиме – точно е дека е задоцнето, но Арсовска излезе со документирани обвинувања по кои институциите мора да постапат.

Анета Стојковска

„Битката“ продолжува. Досега на ниво што не им доликува на градоначалници. Дадоа многу лош пример пред граѓаните за тоа како не треба. И одново покажаа дека политичката пресметка е поважна од секој граѓански интерес, за што (демек) сите политичари работат.

Конечно во Скопје општонародна забава за широките народни маси. Градоначалничката Данела Арсовска, која повеќе од три години со нетрпение ја очекувавме да направи нешто за граѓаните на главниот град, за неколку денови е поприсутна во јавноста отколку за целиот нејзин досегашен мандат. И тоа како присутна, што би рекле нејзините новостекнати обожаватели по социјалните мрежи – жена посилна од маж, им покажа на сите колку е силна, праведна, чесна и неправедно обвинувана дека ништо досега не сработила.

Ваквата поддршка што Данела ја добива од дел од граѓаните покажува само колку сме сите со кратко паметење (иако тоа не е случај само со овие последни градски случувања). Набрзина скопјани заборавија на ѓубрето по улиците и на преполните контејнери, на хаосот со автобусите, заборавија дека мрзнеа со часови по автобуските станици, дека ниеден проект не е реализиран, дека Скопје наместо модерно стана рурално, а дека градоначалничката беше присутна во јавноста само кога требаше да се искара со неистомислениците. Поточно, со оние што ја доведоа во градоначалничката фотелја и кои сега, колку и да се обидуваат, не можат да избегаат од таа одговорност. Не можат ни да избегаат од „сопките“ што ѝ ги ставаа во текот на целото нејзино градоначалствување поради што Арсовска и да сакаше, не можеше ништо да направи, а ѝ послужија како одлично алиби за тоа што ништо не реализирала.

Така 70-те страници од изборната програма „За модерно Скопје“, со кое Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ им ветуваа на скопјани расцут на градот, останаа само „мртво слово“ на хартија.

И сега, на крајот на мандатот Арсовска со сите сили тргна во лов на дивоградби, јавно, гласно и со пренос во живо. Навредите што излегуваат од устата на оваа жена, посилна од маж, ја разгореа крвта на граѓаните. Да се чуди човек, на кое ниво сме спаднале. И да се засрами.

„Криминалчуго, дечко, јави се на главна каса, принцезо на дивоградбите, Вики, плашливецу, измеќару“ и други слични епитети протекоа од устата на Арсовска, која реши да удри со сите „оружја“ по градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Го обвини за закани по нејзината безбедност, за фалсификување документи, за криминална легализација на дивоградби. Посочи дека 150 дивоградби „му вратила“ на Ганиу. 150!!! За возврат тој ѝ го истури чаирското ѓубре пред канцеларија.

Ваков потрес во јавноста немало од обвинувањата кон Златко Перински, кој сега е министер, дека си ги „брцнал рачињата во медот“. Јавноста никогаш не дозна дали обвинувањата кон Перински и неговото разрешување од директор на „Водовод и канализација“ имаа некаков судски епилог, но судејќи по неговата сегашна функција, веројатно не или завршил во негова корист.

Што ќе се случи сега со Ганиу, останува да се види. Тој и неговите сопартијци поздравуваат што Данела се разбудила по три години, но велат дека станува збор за политички пресметки и дека Арсовска е инструмент во рацете на ДУИ. Оттаму мудро молчат, ВМРО-ДПМНЕ се чини си гледа „сеир“ отстрана, СДСМ и Левица навиваат за Данела и така дивоградбите во Чаир полека стануваат дневна политика, која од жешка тема со секој изминат ден станува така некако – млакичка.

Но, без оглед колку некој сака да ја релативизира целата работа и сите обвинувања на градоначалничката потсмевајќи се со нејзиното будење на крајот од мандатот, еве да ги потсетиме – точно е дека е задоцнето, но Арсовска излезе со документирани обвинувања по кои институциите мора да постапат. Дека можело и без врева и видеопрезентации, можело, доволно било сите тие документи градоначалничката да ги однесе во Обвинителство и во МВР, од каде што сега тврдат дека постапуваат по предметите.

Прашање останува зошто досега Арсовска не поднела пријави за сите тие 150 дивоградби што ги споменува, ако знаела за нив? Зошто дури сега пред избори ако нема, како што тврди, амбиција повторно да се кандидира. Или можеби го напипува пулсот на скопјани и верува дека сепак би можела да ја добие одново довербата на граѓаните?

„Битката“ продолжува. Досега на ниво што не им доликува на градоначалници. Дадоа многу лош пример пред граѓаните за тоа како не треба. И одново покажаа дека политичката пресметка е поважна од секој граѓански интерес, за што (демек) сите политичари работат.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

анета стојковска Данела колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.