НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански „Пулс”

0
By Zoran Ivanov on June 9, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека “Пулс” е опфатено уште едно лице за кое е поведена истрага за – тешки дела против општата сигурност. За лицето се обезбедени докази дека е одговорно лице, реален сопственик на осомниченото правно лице – Агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје.

Согласно доказите, тој раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата, заедно со претходно осомничениот управител и со овластеното лице на подружницата во Кочани. Лицето е приведено и за него ќе биде побарана мерка притвор.

Со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека „Пулс” е опфатено уште едно лице за кое е поведена истрага за – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Во текот на досегашната постапка се обезбедија докази согласно кои за сега осомничениот се утврди дека е одговорно лице – реален сопственик на осомниченото правно лице – агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје, републичко јавно обвинителство.

Лицето раководело со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата, заедно со претходно осомничениот управител, како и со овластеното лице на подружницата во Кочани.

Тие без да имаат склучено договор со корисникот на услугата Кабаре ПУЛС Кочани, во текот на 2025 година вршеле обезбедување на имот и лица за клубот. Новиот осомничен во континуитет активно раководел со планот и начинот за давање на услугата обезбедување преку правното лице. Заедно со осомничените кои биле ангажирани како обезбедување, спротивно на повеќе членови од Законот за приватно обезбедување, без каква било претходна безбедносна проценка и план за обезбедување, како и без проверка на условите за противпожарна заштита и опасност од пожари, без да извршат проверка по однос на сигурносните услови во кабарето од аспект на имот и лица, особено по опасност и можност за евакуација, во текот на вечерта кога настанал пожарот не контролирале и овозможиле влез на деца во објектот, не воделе грижа за преполнетоста на капацитетот за посетители во објектот, не спречиле внес и користење на експлозивни материи – пиротехнички средства од членовите на музичката група, со кои бил предизвикан пожарот, поради што настапила смрт кај 62 лица, со тешки телесни повреди се здобиле 157 лица, а со телесни повреди се здобиле 54 лица, појаснуваат од Обвинителството.

 

дскотека осомницено пулс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.