НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Култура Бета“ по вторпат ја организира донаторската акција на стари книги, плочи и цедеа за поддршка на локалната сцена

0
By Marija Todorovska on August 26, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на второто издание на фестивалот за алтернативна, младинската и критичка култура „Ре-култура“ што го организира здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ во соработка со кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“, по вторпат се отвора донаторската акција за стари книги, плочи и цедеа.

„Ги повикуваме сите пријатели, поддржувачи, издавачи, музичари, фанатични колекционери и сите кои сакаат да им олеснат на своите библиотеки, да предложат добра музика на некои нови луѓе и да бидат дел од градењето на независна младинска култура, да ги донираат своите стари книги, плочи и цедеа (што се во добра состојба) во кафе-книжарницата ‘Илика’“ велат од „Култура Бета“. 

Собраните книги ќе бидат изложени на донаторски базар во рамки на фестивалот „Ре-култура“ што ќе се одржи на 26. и 27. септември, а собраните средства ќе бидат вложени во поддршка на локалната младинска културна сцена, организирање настани и објавување независни изданија. 

Акцијата трае од 18. август до 18. септември, а старите книги, плочи и цедеа можат да се донесат во кафе-книжарницата „Илика“ од понеделник до сабота, од 8 до 13 часот и од 17 до 22 часот. 

„Со оваа акција сакаме да придонесеме кон освестување на заедницата за директно учество во независната култура и културните настани, меѓусебна помош и поддршка и за поголемо вмрежување на уметниците. Како и да ја подигнеме свеста за реупотреба на старите предмети, а на овој начин можат да добијат втора шанса кај некој нов вљубеник во уметноста.“ додаваат од „Култура Бета“.

Целата програма за фестивалот „Ре-култура“ ќе биде објавена наскоро.

донаторска акција култура бета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.