Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто ВМРО бега од ДПМНЕ?

0
By Zoran Ivanov on February 4, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 4, 2026 15:45

Македонците од егејскиот и пиринскиот дел веќе ја остварија целта, помеѓу нив нема рампи, цариници, редици, печати, ЕАС-меас и други гранични бариери, може слободно да патуваат, да се посетуваат, да бараат работа, да студираат од која страна на границата сакаат, да разменуваат интелектуална и материјална сопственост.

Даган Мишев

Се изнакотија политички партии со акронимот ВМРО од двете страни на македонско-бугарската граница, со различни додатоци на името: вистинска, обединета, татковинска, народна, СМД, БНД,,,и доаѓаме до онаа најголемата, која е на власт во Северна Македонија, со додавката ДПМНЕ, што ќе рече – Демократска Партија за Македонско Национално Единство.

Токму на ова македонско национално единство се темелеше доктрината на партијата на при создавањето, обединување на нашинците од ВЕП –Вардар, Егеј и Пирин ( за обединување со Македонците од Мала Преспа и Голо Брдо во Албанија не се сетија), дури и се најавуваше партиски конгрес во Солун, во Обединета Македонија … И еве, 35 години по осамостојувањето на Македонија, ВМРО не само што не ја оствари целта запишана во името на партијата, туку напротив, бега од можноста Македонците од сите страни на границата да се сплотат, и да живеат без граници меѓу нив.

Македонците од егејскиот и пиринскиот дел веќе ја остварија целта, помеѓу нив нема рампи, цариници, редици, печати, ЕАС-меас и други гранични бариери, може слободно да патуваат, да се посетуваат, да бараат работа, да студираат од која страна на границата сакаат, да разменуваат интелектуална и материјална сопственост.

На нив наскоро ќе им се придружат и Македонците од Албанија. Надвор од ова национално обединување ќе останат само Македонците од Вардарскиот дел, тие од Северна Македонија, предводени од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои со сите сили се трудат Македонците од овие простори да останат надвор од Европската Унија која го овозможува ваквото безгранично национално обединување. Секако ова не важи за „тукашниве“ Македонци кои се повикаа на нивното бугарско потекло и разбудената бугарска самосвест при вадењето на бугарски државјанства и патни документи.

Од македонското национално единство, и безграничното поврзување на Македонците од сите делови на Македонија, за Мицкоски и сегашното раководство на „најпатриотската“ и „најмакедонската“ партија очигледно е поважно единството со олигарсите и финансиските бенефити за тесен круг на луѓе во власта.

Очигледно е дека од акронимот ДПМНЕ во името на партијата, останата е само  буквата П (партија), па се чини дека е крајно време партијата да се ребрендира во ВМРО-Мицковистичка.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

Драган Мишев колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.