Published: Monday, June 15, 2026 09:22
Белград: Во населбата Нов Белград во главниот град на Србија, рано утрово избувна пожар во трговскиот центар „Ењуб“.
Според локалните медиуми, голем број противпожарни екипи веднаш излегле на терен. Засега нема информации за повредени лица.
Зафатени од пожар се повеќе локали и покривот на трговскиот центар.
На терен имало околу 40 пожарникари со десет возила цистерни.
Жителите на околните згради биле предупредени да ги затворат прозорците.
Густ црн чад утринава бил видлив од повеќе делови на Белград.




