Ана С. Глас: Живеам во една од најразвиените земји во светот Шведска. Земја која отсекогаш била симбол на напредок, технологија и модерно образование. Но денес, токму таа Шведска прави нешто што многумина го сметаат за чекор назад ги враќа книгите и рачното пишување во училиштата.
И тоа не е затоа што се против технологијата. Напротив. Туку затоа што сфатија една важна вистина: не секој напредок значи подобро знаење.
Кога децата читаат од екран, тие често само го поминуваат текстот со очите. Но кога читаат од книга тие размислуваат, чувствуваат и паметат. Кога пишуваат со рака мозокот работи поинаку. Се создава врска помеѓу мислата и знаењето.
Технологијата е алатка. Моќна алатка. Но не смее да ја замени основата.
Книга во рака не е слабост. Тоа е сила.
Моливот не е старомоден. Тој е почеток на мислата.
Шведска не се враќа назад. Таа се враќа кон рамнотежата.
И можеби ова е лекција за целиот свет: напредокот не значи да заборавиме што навистина го гради умот.
Извор: Фејсбук



