Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Културата како репер: колку “чини” идентитетот?

0
By Zoran Ivanov on April 14, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 14, 2026 15:01

Не може на иста линија да функционира мантрата за “партизирана и непотистичка администрација” и “правото на повисока плата” – затоа што тоа сугерира дека државата ги финансира “подобните”, а не “најдобрите”. А, ако “заробената држава” ја користи финансиската моќ за воспоставување на “партиската воља”, без добра законска поставеност и институционална функционалност, тогаш таа поттикнува систем на метафорички “поткуп” и се поставува во позиција на “газда”. Токму затоа, реакцијата никогаш не смее да биде само за “платата”, туку и за “системот и условите” (законите и структурата на институциите).

Никица Корубин

Дали владеењето на правото и постоење на функционален систем и независни институции може да биде само лично право или мора да биде и јавно добро; е прашање кое може да се постави за било која област во општеството, но гласноста на вработените во државните институции од областа на културата, го отвора ова прашање на суштински и длабински начин. Иако, нивната гласност е насочена главно кон правото на плата, но не и кон законскиот концепт и структурната поставеност на институциите, легитимноста е сепак несомнена. Што се “крие” всушност позади “контраверзноста” на колективниот договор во културата и поставеноста на културата воопшто?

Дилемите кои ги отвори уставниот суд, со поведувањето на постапката за оценување на уставноста и законитоста на колективниот договор во целина (и на членот78-љ од Законот за култура); се легитимни и легални, но не се неутрални. Односно, се фактичка потврда на “законската и уставна” повеќегодишна и децениска толеранција на свесниот законски хаос, недоследност и конфузија.

Па, ако уставот вели (а уставниот суд него го “чува”) во член 32 дека “остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори”; а во законот во член 78-љ, кој го уредува правото на платата “било пропуштено да се нормира ова важно прашање” според уставниот суд; тогаш всушност самиот закон бил “незаконски”. Од 2014 година кога е овој член дополнет, а во однос на утврдување на правото на плата од донесувањето на Законот за култура во 1998 година.

Значи уставниот суд имал 12 или 28 години да поведе постапка “по сопствена иницијатива” како што тоа го прави сега за овој член, а не повел, и дозволил на сила да биде конфузен и нејасен закон (и по многу други основи) со што всушност оневозможил доследна примена на уставот. Па, како тогаш, хипотетички, да ја санкционираме “неуставноста” и нефункционалноста на уставниот суд, сите овие години?

Но, всушност проблемот со законската и институционална поставеност на целата култура, нејзиниот третман и нејзината речиси “комунистичка” позиција на “државна или државно платена” и контролирана дејност, како наследена матрица од поранешната СФРЈ; во целосно променет политички систем после 1991 година на формална парламентарна демократија и пазарен систем ја поставува и заробува културата и во нејзиното слободно делување и во нејзината институционална функционалност. Оттаму, платата сама по себе, не само што не е најважен дел за општеството, туку без квалитетен законски систем и добра институционална поставеност, станува средство за уцена или дискредитација, како што е сега случајот.

Не може на иста линија да функционира мантрата за “партизирана и непотистичка администрација” и “правото на повисока плата” – затоа што тоа сугерира дека државата ги финансира “подобните”, а не “најдобрите”. А, ако “заробената држава” ја користи финансиската моќ за воспоставување на “партиската воља”, без добра законска поставеност и институционална функционалност, тогаш таа поттикнува систем на метафорички “поткуп” и се поставува во позиција на “газда”. Токму затоа, реакцијата никогаш не смее да биде само за “платата”, туку и за “системот и условите” (законите и структурата на институциите). И на вработените и солидарно и на општеството и граѓаните, за кои тие институции и постојат.

Што не’ води до суштината на проблемот, на разбирањето на културата, и од самите вработени и од граѓаните, чија законска формулација би гласела: “даватели на услуги” или “носители на дејност”. И тоа е суштината на “неусогласеноста” на законот со колективниот договор, кој практично и во “реално време” кога е носен (2019 година) требаше да биде донесен заедно со новиот Закон за јавен интерес во културата, кој како “пакет” за прв пат после 1998 година ќе беше согласно уставот “уреден со закон и со колективни договори” (член 101 од законот кој влезе во собраниска процедура – “вработените во јавните установи имаат право на плата согласно прописите за работните односи, колективниот договор за култура и законот за вработени во јавниот сектор”). За ова протести никогаш немаше, како и за други нефункционални и штетни закони, кои се’ уште се на сила.

И во тој процеп, свесно создаден и одржуван од државата и политичките партии, всушност културата се третира како “државно платена дејност” со “загарантирана плата” и дозволени дополнителни приходи, каде “во ист куп” се ставаат и реално стратешки дејности (културното наследство) кое мора да бидат државно финансирани; но и реално пазарни дејности кои може (и мора) да бидат пазарно снаодливи (театарска, делумно музичка и филмска дејност); во ситуација на неколкугодишна фактичка блокада на државата и општеството во евроинтеграциите, поради “опасноста од загрозување на идентитетот” чии институции кои, теоретски треба да го заштитуваат и управуваат се оставени со лоши, конфузни и недоречени закони и структурно слабо поставени.

Па, ако веќе уставниот суд конечно решил да се занимава со сопствената работа во однос на законите од областа на културата, во занесот на контактите со Венецијанската комисија кога се во прашање уставното право на употребата на албанскиот јазик и правото на правичната застапеност; нека го прати на “мислење” и Законот за заштита на културното наследство да видиме колку е во согласност со “европските и светски норми” за “заштита на идентитетот” – односно самото културно наследство. А, не е лошо малку да обрне внимание и на заштитата од УНЕСКО на цел еден регион, и на неколку неусогласени закони (ниту меѓу себе, ниту со УНЕСКО, а ниту со ЕУ); а заедно со нив и истите вработени во културата, чија гласност толку недостасува токму во нивниот домен на работа – институционален и законски.

И така ќе се види дека колективниот договор е најмалиот проблем, во целата област на културата, кој се решава со една промена на еден член од закон (текстот од членот 101 од законот кој требаше да биде новиот закон за јавниот интерес во културата, нека биде текстот во членот 78-љ од актуелниот закон) за да се постигне таа усогласеност; кога веќе уставниот суд “се навикна” да дава задачи на собранието.

Ако навистина некој се грижел и за културата и за културното наследство и за идентитетот. Кога очигледно најмала грижа биле лошите и нефункционални закони и “заробените институции”. Па, да видиме “колку чини идентитетот” и колку вредат институциите и вработените во нив. Солидарно и од нив за општеството и од нас граѓаните, за функционален систем и европска држава.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

колумна Никица Корубин ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.