Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малку ремет…

0
By Zoran Ivanov on April 23, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 23, 2026 18:59

Ако се сака, вака се прави … се` друго е популизам, особено ако знаеме дека тие измени, можеби и нема да поминат.

Марјан Николовски

Добра е оваа идејата пратениците да имаат само македонско државјанство. Секако, уште подобро би било, тоа да важи и за сите од извршната власт.

Но, треба да се прошири опсегот и да биде баш законски. На пример тоа не се решава без да се смени и Законот за државјанство, каде сега во членот 2 пишува дека „Државјанин на Република Северна Македонија може да има и државјанство на друга држава“.

Таму треба да се направи измена и да пишува дека може да има само македонско државјанство. Бидејќи без промена на овој член од овој закон, се криши Уставот од член 23, каде пишува дека „Секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции“, што пак е кршење на исто така уставна одредба од членот 9 од Уставот, кој предвидува дека „Граѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло…“

Државјанството одредува национално потекло, кое со забрана за избор на пратеници со друго државјанство е во колизија со овој член, бидејќи секој може да бира и биде избран за пратеник и да има право до јавна функција, освен оној кој има двојно државјанство.

Секако треба да се смени и Изборниот законик, кој во членот 7, предвидува услови за кој може да биде канидат за пратеник, но освен условите да „наполнил 18 години живот и има деловна способност, да не е осудено лице со правосилна судска одлука на безусловна казна затвор над шест месеци, чие издржување се уште не е започнато и се наоѓа на издржување казна затвор за сторено кривично дело“, не пишува дека мора да има само македонско државјанство. Тоа значи дека измените на членот 2 од Законот за пратеници, кој со овие измени се дополнува, а кој не предвидува услови за избор на пратеници, е во директна колизија и со Изборниот законок, но на некој начин и со Уставот.

Дополнително овие измени што се предлагаат никаде не предвидуваат како се докажува дали некој поседува двојно, торјно државјанство, или не. Најавата дека тоа ќе се прави со изјава на пратениците е исто така во колизија со останатите законски одредби во државата.

На пример. Законот за државјанство предвидува, во членот 23, дека „Државјанството на Република Северна Македонија се докажува со важечка лична карта или патна исправа, или со потврдата за содржани лични податоци во Централниот регистар на население во постапките определени со закон.“ Во алинејата 2 од овој член пишува дека „Државјанството на Република Северна Македонија се докажува и со уверение за државјанство на Република Северна Македонија кое врз основа на евиденцијата во смисла на член 22 став 1 од овој закон го издава Министерството за внатрешни работи… “

Што значи тоа? Тоа значи дека релевантен доказ за тоа дали некој поседува државјанство од Македонија, или од друга држава, не е изјавата, чија веродостојност никој не може да ја провери, ако за тоа не се иницира процес од надлежните институции, туку се докажува како што пишува во нашиот закон.

Тоа практично значи дека ако некој сака да докаже дека нема државјанство од друга држава, треба да обезбеди документ од државата, за која некој се сомнева дека поседува државјставо. Практично, оние за кои се тврди дека се бугарски државјани, треба да си побараат потврда од бугарското министерство за внатрешни работи. За правда ли …, како е таму предвидено со Закон, и да доставт извод дека имаат, или немаат државјство на таа држава. Чиста работа.

Паралелно со тоа пак, интересно е дали со ова законско решение, во иднина во Парламентот, ќе има, или нема да има претставници на малцинствата во државата. За дел од нив јавна тајна е дека имаат двојни државјанства. Најчести претставници на малцинствата во Македонија се припадници на етничките Албанци, Турци и Срби. Што ќе прават тие за да бидат пратеници? Ќе им се наложи да се откажат од државјанствата на Србија, Албанија, можеби Косово, Турција?

Ако се сака, вака се прави … се` друго е популизам, особено ако знаеме дека тие измени, можеби и нема да поминат.

Убав ден.

П.С. И не е точно дека во Бугарија не може да биде некој пратеник кој има и друго државјанство. Може, но Уставот предвидува да има живеено во Бугарија 18 месеци претходнио … И таму тоа е уставна категорија…

Од Фејсбук ѕидот на авторот

колумна мартјан николовски ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.