Тито имаше слични едеали со Гоце, од луѓето правеше браќа и сестри, другари и другарки, антидржавните елементи ги прогонуваше, од државата направи полигон за колтурен, научен и спортски натпревар. Успеа да ги донесе моштите на Гоце Делчев од Бугарија во Македонија, а потоа отиде на поклонение пред истите …
Родените после него треба да знаат дека, луѓето од сегашните седум држави произлезени од поранешната СФР Југославија, во негово време живееле во хармонична заедница, дека никој, од север до југ, од Јесенице до Гевгелија, од Нови Сад до Сплит, не преминувал граници, не чувствувал разлики, разединетост, а за омраза и национален антагонизам ниту збор. За многумина родени после него, нема да биде за верување, а треба да знаат, дека: Тоа не беше наметнато живеење, насилно спроведувано со измислениот режим на обединувачот од страна на растурачите на федерацијата, тие и ден денес го оцрвнуваат и го претставуваат како голем диктатор, туку, тоа беше живеење изградено на темелите на најосновните човечки принципи: почитување кон оние со мајчини јазик различен од твојот, кон оние кои според нивните свештеници и сопствените убедувања се различна вера од тебе, кон почитувањето на законите и правдата еднаква за сите, во заедничка држава со врвно образование и здравство бесплатни …
Сите живееја во братството и единството на разликите, сите беа исти во богатството на шарената заедница, во љубовта и почитта кон јазиците, културите, историите, со восхит на традициите на различните по вера, а сите исти пред чеканот на правдата…
Ова е сведочење за соживот на сегашните седум независни држави во федерација, за соживот кој, ниту најчистите препораки од ЕУ можат да го спроведат, реализираат, контролираат со децении, најмалку да го вратат, иако арчат грдни милијарди за каобожемски да го спроведат. Тито не пренесе во наследство ниту една банка, еден динар на своите следбеници, а ги имаше, ниту беа привилегирани додека беше жив, ниту сопругата доби нешто од конфискуваните имоти и пари, а со Устав фабриките ги додели на работниците, рудниците на рударите, земјата на замјоделците, науката на научниците, здравството на лекарите. Се’ остави на државата.
Се викаше Тито …
Тито имаше слични едеали со Гоце, од луѓето правеше браќа и сестри, другари и другарки, антидржавните елементи ги прогонуваше, од државата направи полигон за колтурен, научен и спортски натпревар. Успеа да ги донесе моштите на Гоце Делчев од Бугарија во Македонија, а потоа отиде на поклонение пред истите …
Не е случајност што на ист датум се потсетуваме на смртта на двајцата светски великани, Гоце и Тито …
На 4 мај сирените нема да се огласат, сообраќајот нема да сопре во градовите и селата, и со едноминутен молк ја изразат огромната почит по неговиот лик и дело. За него сведочат живите по социјалниве мрежи. Младите родени после него треба да знаат дека Тито не е лик од бајките, ниту е Царот со седумте ќерки од “101 приказна“…
***
Се случи на денешен ден 1980 година. Почина еден човек.
Знамињата на Бакингемската палата, на Капитол хил, на Кремљ, на Елисејските полиња, Хофбург и секаде во светот се спуштија на пола копје. Се одржа прв и последен пат седница на Обединетите нации со само една точка на дневен ред. Прогласени беа повеќедневни национални жалости во повеќе од 80 држави во светот. На погребот присуствуваа 209 делегации од 128 земји, 31 претседатели на држави, 4 Кралеви, 6 Принцови, 22 Премиери, 11 претседатели на Парламенти …
Во Ватикан, еднаш и единствен пат во историјата заѕвонеа ѕвоната а во Катедралите и црквите се одржуваа миси и
литургии за неговата покојна душа …
Ова се факти, што и да мислите за него. Се викаше Тито …
Фала Гоце Делчев, фала друже Тито и слава ви …
Од Фејсбук ѕидот на авторот





