НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гончарук: Русија отворено го прекршува минскиот мировен процес

0
By Нова ТВ on June 4, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Колумна на украинскиот амбасадор во Македонија, Јуриј Гончарук

На 3 јуни 2015 година – околу 4:30, во реонот на населените места Марјинка и Красногоривка терористите започнаа масовна стрелба врз позициите на украинските сили на АТО со користење на забранети со минските договорености артилериски системи и направија масовен обид да спероведат јуришни акции за заземање на Марјинка.

Во офанзива беа испратени околу 1 000 терористи со активна поддршка на тенкови, БМП, 122-мм и 152-мм артилерија. Според проценките на експертите, таквите дејствија се насочени кон заземање на нови територии и создавање на таканаречени „котли“.

Украинската страна веднаш ги информира претставниците на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ за ескалација од страна на терористите на вооружениот конфликт и во нивно присуство официјално се обрати до претставниците на ВС на РФ во составот на Заеднички центар за контрола и координација (СЦКК) со барање да влијаат на таканареченото „раководство“ на терористите и да ја запрат офанзивата на нивните незаконски вооружени формации (НЗФ).

Беа предупредени дека во спротивен случај Вооружените Сили на Украина ќе бидат принудени да го вратат на огнените позиции артилериското вооружување со калибар поголем од 100-мм, повлечено порано од граничната линија на страните со имплементирањето на минските договорености.

Долго време единиците на ВС на Украина ја задржуваа офанзивата на терористите исклучиво со помош на постоечкото вооружување. Само по отсуство на конструктивна реакција од страна на РФ украинската страна сумираше и почна да го применува тешкото артилериско вооружување. Имено таквиот чекор дозволи да се запре масовната офанзива на терористите.

„Природно, во Москва многу внимателно набљудуваат и чувствуваат крајна загриженост во врска со провокативните дејствија од страна на Вооружените Сили на Украина“, им рече на новинарите прес-секретарот на претседателот на РФ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја ситуацијата.

Од своja страна МНР на РФ, според зборовите на министерот за надворешни работи С. Лавров, се обрати до Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ со молба да извести не само за местата на пукањето, туку и за целите на стрелбите: «За сите да имаат комплетна слика, кој ги прекршува не само минските договорености, туку и сите норми на меѓународното право».

И Мисијата на ОБСЕ одговори. „Битката изби околу контролираниот од владата град Марјинка изутрина на 3 јуни. СММ набљудуваше движење на голема количина на тешко вооружување контролирана од „Доњецката Народна Република“ (ДНР) по територијата (movement of a large amount of heavy weapons), главно во западен правец до граничната линија – во близина на Марјинка, пред и за време на битката…

Меѓу 10:45 и 12:11 мисијата направи неколку обиди да се поврзе со високи претставници на “ДНР” – вклучувајќи ги и “премиерот”, “спикерот на парламентот”, “министерот за одбрана” и “началникот на генералштабот” – за тоа да се обиде да се запрат борбените дејствија во периферијата на Марјинка. Или тие беа недостапни или едноставно не сакаа да комуницираат со СММ.

Во 15:00 СММ доби писмо од Министерството за одбрана на Украина, во кое се наведува дека тешкото вооружување на ВС на Украина ќе биде сместено на линијата на судирот, за да се користи во случај ако треба да се има работа со “реална закана”, што доаѓа од борбите во Марјинка, кои според зборовите на Министерството за одбрана на Украина почнаа во 6:00.

Подоцна, украинската страна јавно призна дека оружјето беше користено, и рече дека тоа било неопходно за да се одбие нападот на “ДНР”- се вели во извештајот на СММ.

Значи, се е јасно – ниту да се додаде, ниту да се одземе.

За прв пат од времето на офанзивата на руско-терористичките сили на Дебаљцево (февруари 2015 година) минските договорености повторно се најдоа на граница на целосно пропаѓање поради суштинско зголемување на ескалацијата на милитантите, поддржувани и опремувани од Москва. И не само тоа: во Донбас сега се наоѓаат 9 илјади руски воени лица, а исто така „не го обратија своето внимание“ на Марјинка.

.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.