Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заглавени во чекалната

0
By Zoran Ivanov on June 4, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 4, 2026 21:44

 Патриотизмот не се докажува со партиска книшка. Не се наследува од лидерот на партијата. Не се добива на прес конференција. Тој е личен избор и лична одговорност. Се покажува преку искрени заложби за подобро утре. За подобро здравство. За поквалитетно образование. За независно судство. За мир, стабилност и безбедност.

Кристијан Дојчиновски

2026 година. Македонија се уште стои во чекалната пред Европската Унија. Стоиме долго, веќе изморени од чекање, додека други поминуваат покрај нас и влегуваат. Слика што многу потсетува на просечниот човек кој со часови чека во ходниците на македонските болници, додека некој „со врски“ ја отвора вратата преку ред.

Тоа доволно говори за нашиот здравствен систем. Трагичен. Но оваа компарација говори за многу повеќе од здравството. Таа говори и за образованието, економијата, правосудството, студентскиот стандард, институциите и се она што една држава заслужува да го има. А го нема. И ќе продолжи да го нема се додека останува заглавена во чекалната.

За жал, или можеби за среќа, во овој случај не ни требаат врски. Не ни треба некој да не протурка преку ред. Ни треба малку повеќе храброст, малку повеќе решителност и многу повеќе државничка одговорност.

Ни треба и патриотизам. Но не оној патриотизам што се мери со песни во кафеани, со знамиња на митинзи и со удирање во гради. Ни треба патриотизам како љубов кон татковината, а не како покритие за криминал и корупција. Патриотизам што се мери во дела, политики и резултати. Во подобри болници, подобри училишта, подобри патишта и подобри институции. Во создавање држава во која младите ќе сакаат да останат, а не држава од која младите ќе бегаат.

Патриотизмот не се докажува со партиска книшка. Не се наследува од лидерот на партијата. Не се добива на прес конференција. Тој е личен избор и лична одговорност. Се покажува преку искрени заложби за подобро утре. За подобро здравство. За поквалитетно образование. За независно судство. За мир, стабилност и безбедност.

Впрочем, само за оној што не си ја сака државата, членството во НАТО може да биде предавство. За секој што искрено ја сака Македонија, тоа е успех. Затоа што е гарантирана безбедноста на секој човек што живее во неа. Затоа што сме подалеку од војни, конфликти и нестабилност. Тоа е нешто што само луѓе со чувство за држава можат да го направат за својата татковина. И го направија. Покажаа храброст по цена на сопствените политички кариери. Ја ставија државата пред сопствениот интерес.

Избор што за многумина изгледа нелогичен. Но многумина имаа можност да избираат. Дури единаесет години. Доволно време за државнички одлуки. Доволно време за визија. Доволно време да се избере иднината наместо дневната политика. Наместо тоа, се избираа фотелјите. А тие, очигледно, мора да се многу удобни.

И така, остана уште еден сон неостварен.

Сон на повеќе генерации. На политичари, интелектуалци, професори, студенти и обични граѓани. Сон на луѓе кои сакаа и се уште сакаат европска Македонија. Македонија која ќе седи рамноправно на иста маса со развиените демократии на Европа.

Тоа е и желба на нас помладите. Генерацијата што израсна во чекалната. Генерацијата која веќе треба да создава семејства, а дел од неа веќе има и свои деца. И затоа се поставува едно едноставно прашање, дали и децата што денес се раѓаат треба да растат во истата таа чекална?

Дали и тие треба да ги плаќаат последиците од денешната неодговорност?

Одговорот е едноставен.

Не.

Одговорот е повик да размислуваме визионерски, а не дневнополитички. Да гледаме една генерација напред, а не до следните избори. Одговорот е Европската Унија.

Не затоа што ЕУ е совршена. Не затоа што некој таму не чека со раширени раце. Туку затоа што тоа е најдобрата алатка што ја имаме за да напредуваме како држава. За да ги искористиме можностите што ги нуди. Подобро здравство. Поквалитетно образование. Посилна економија. Поефикасно судство. Поголеми грантови. Поголеми субвенции за земјоделците. Повеќе можности за младите. Повисоки стандарди за сите.

Тоа е суштината на европската идеја.

Не е само членство.

Тоа е систем.

Систем во кој законите важат еднакво за сите. Систем во кој институциите се посилни од политичарите. Систем во кој корупцијата не е начин на функционирање, туку исклучок што се казнува.

А до тој систем денес не дели само уште еден чекор. Една пречка која сите ја знаат.

Внесувањето на Бугарите во Уставот.

Тоа е реченицата што народот ја слуша секој ден. И по се изгледа, веќе имаме милиони уставни експерти. Не сакаме Бугари во Уставот, но сакаме бугарски пасоши. Парадокс кој одамна престана да биде смешен.

Сакаме бугарски пасоши за да живееме во Германија, Франција, Холандија или Словенија. А сите тие држави се токму дел од Европската Унија кон која декларативно сакаме да одиме.

Уште поголем парадокс.

Некои велат дека ја бранат историјата од Бугарија. А истовремено за европска перспектива преку бугарски пасош веќе направиле личен компромис со сопствените убедувања, корени и патриотизам.

На крајот, кога зборуваме за Уставот, треба да се потсетиме дека тој одамна е мултиетнички. Од неговото усвојување до денес, никој од народите што се наведени во него не го загрозил македонскиот идентитет. Напротив, внесувањето на Бугарите би значело јасна и недвосмислена потврда дека станува збор за два различни народа во две различни држави.

Математички прецизно.

Но очигледно политичката математика денес е поважна од државничката логика.

И затоа повторно остануваме во чекалната.

А додека стоиме таму, губиме. Губиме време. Губиме луѓе. Губиме инвестиции. Губиме развој. Губиме шанса да го фатиме чекорот со државите кои одамна не престигнаа. Губиме европски фондови, можности и перспективи.

Колку подолго чекаме, толку повеќе тонеме.

И тоа не е песимизам.

Тоа е реалност.

Затоа сега е моментот да се искористи шансата. Да се тргнат настрана личните и партиските интереси. Да се покаже зрелост. Да се покаже визија. Да се покаже патриотизам во неговото вистинско значење.

Овој народ заслужува повеќе од бесконечно чекање.

Заслужува да ја види Македонија како дел од европското семејство.

За нас.

За оние што доаѓаат по нас.

И за конечно да ја затвориме вратата од чекалната во која предолго ја трошиме сопствената иднина, додека неодлучноста тивко ја претвора секоја изгубена година во уште една пропуштена генерација.

колумна кристијан дојчионовски младите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

ВЕСТИ June 5, 2026

Нон-пејпер – нов моментум за проширувањето, придонес во пресрет на претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан (5…

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.