НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две нации – еден народ?

0
By Нова ТВ on June 22, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот амбасадор во Македонија, Јуриј Гончарук, во колумна за НОВА го анализира „стратешкото партнерство“ меѓу Украина и Русија.

Никогаш немав илузии за вистинскиот став на официјалната Русија за постоењето на независната Украинска држава, мојата природа го отфрла таканареченото „стратешко партнерство“ меѓу двете земји од времето на Л. Кучма и В. Јанукович, затоа што тоа е спротивно на суштина на рускиот империјален национализам.

Тоа е специјален вид на национализам – тој е циничен.

Веќе повеќе од година Украина е под удар на Русија: анектиран е Крим, се лее крв во Донбас. Светот се измори од руската лага толку, што има и такви, што и веруваат нејзе.

Не се измори само Русија.

„Ние од самиот почеток тргнувавме и тргнуваме од тоа дека Украина има право на сопствен избор – и на цивилизациски, и на политички и на економски, на кој било”, изјави на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург Претседателот на РФ В. Путин.
Дали тоа треба да значи дека нашите „браќа“ -Руси немаат против за пристапувањето на Украина во ЕУ и НАТО?

Па тогаш зошто на Русија не и одговара нашиот стратешки избор? Зошто од нејзина страна беа направени сите напори за да го попречат пристапувањето на Украина во НАТО на самитот на Алијансата во Букурешт? Зошто Русија се обидува да ја изопачи Спогодбата за асоцијација меѓу Украина и ЕУ?

Ова е уште појасно, кога дознаваш дека Претседателот на РФ знае однапред како се ќе се заврши: „Што и да се случува, на крај, Русија и Украина, вака или онака, се осудени на заедничка иднина”.

На што се темели ваквата убеденост? Па на тоа дека, според неговите зборови, покрај сите тешкотии на денешницата „Русите и Украинците – тоа е еден народ, еден етнос, во секој случај”, со своја оригиналност, културни карактеристики, со заедничка историја, култура, духовни корени“.

Дури за време на СССР, советската пропаганда не се осмелуваше да зборува за единствен народ, напротив во официјалната историска наука постоеше верзијата за тоа дека Риевската Рус била „лулка на трите братски народи – белорускиот, рускиот и украинскиот“.

Вистина, единствен народ сепак се појави: во декември 1972 год. КПСС свечено изјави дека се појави нова историска заедница на луѓе – советски народ, којшто пради нешто исчезна во 1991 година.

Тврдење за единствен „руско-украински народ“ од таков вид. Можеше и да не се обраќа внимание на него, ако не постоеше неговиот статус „теоретичар“ и конкретните околности: ужасот на „теоретизирањето“ на рускиот претседател се состои во тоа што тој нема да се повлече од „украинското прашање“…

Се работи не за започнување на широка дискусија со активирање на моќен потенцијал на научници, туку за силни аргументи од друг вид кои треба да ја потврдат правилноста на „теоријата“.

Руските „аргументи“ прецизно ги опиша Претседателот на Украина: „Ние се бориме со оружје на XX век против оружјето на XXI век, затоа што Русија испораќува во Донбас современо оружје, користејќи ја Украина како полигон за тестирање на најновите модели”, – истакна претседателот.

Да попотсетиме, порано во НАТО тврдеа дека кај терористите во „ДНР“ и во „ЛНР“ сега во рацете има повеќе руско оружје, отколку во моментот на склучување на втората спогодба во Минск.

Согласно со неговите податоци, членовите на НВФ добиваат тенкови, оклопни возила, артилерија и системи за воздушна одбрана. Меѓу другото, нив им испорачуваат современи модели на тенкови Т-80 и Т-90.

За возврат, во Генералштабот на ВСУ соопштија дека вкупен број на единици Руси во моментов на наша територија изнесува 8960 лица, 190 тенкови, 532 оклопни возила, 153 единици артилериски системи.

Заедно со групите на вооружените формации на ДНР и на ЛНР вкупните сили на милитантите и руските војници бројат 42000 лица, повеќе од 550 тенкови, 1470 оклопни возила, 520 единици артилерија и повеќе од 280 борбени возила од различни видови.

Русија „се навредува“ кога ја нарекуваат агресор.

„Русија не е агресор, и не дава предност на зголемено ниво на тензија“ – рече Владимир Путин, додавајќи дека „Русија не претендира на некаква си хегемонија, таа не претендира на статус на наддржава. Ние сакаме да ги градиме односите на рамноправна основа“, но нешто очигледно им пречи тоа да го сторат.

И сега ние знаеме што е тоа – „теорија за единствен народ“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.