НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Евро-грчка криза: Корените на драмата

0
By Светлана Јовановска on July 12, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Многумина во ЕУ сметаат дека Грција треба да и се врати на драхмата и да ја девалвира за да закрепне. ЕУ од своја страна треба да му помогне на грчкото население а претседателот на ЕК веќе најави дека е направен еден вид хуманитарен план за Грција. ЕУ исто така преку своите инструменти треба да оневозможи банкрот на грчките банки.

Но има и поинакви мислења како на пример тоа дека излезот на Грција од еврозоната би бил голем политички (а не финансиски удар) врз желбата на ЕУ за понатамошно продлабочување на политичката унија.

Последните вести велат дека токму ова колебање ја натерало Германија да предложи привремено петгодишно излегување на Грција од еврото. Маратонските преговори во Брисел продолжуваат. Според учесниците, тие ќе траат се додека не се најде вистинското решение и за Грција и за целата Европска унија.

Во очекување на исходот од преговорите што се одвиваат во Брисел, НОВА направи кус преглед на причините на оваа криза во која и Грција и еврозоната носат дел од вината.

Првите чекори кон еврото


Повелбата од Мастрихт од 1992 година

Првите чекори на еврото датираат од 1992 година. Тогаш се потпиша Повелбата од Мастрихт која предвидуваше политичка федерација која требаше да биде услов за успехот на еврото, заедничката монета.

Повелбата дозволи воведување на Економска и монетарна унија (ЕМУ) чија што цел беше да се креира заедничка девиза. Документот ги содржи условите за воведување на еврото. Станува збор за фамозните четири критериуми чија што реализација го гарантира успехот на проектот:

1. Стабилност на цените односно не повеќе од 1,5 отсто национална инфлација
2. Интересот на кредитите на државите не треба да надмине 2 отсто
3. Стабилност на еврото која треба да спречи девалвација на девизата
4. Стабилност на јавните финансии што значи дека годишниот јавен дефицит на државите не смее да надминува 3 отсто од Бруто националниот производ (БНП) а јавниот долг не смее да надмине 60 отсто од БНП.

Земјите членки влегоа во процес на исполнување на овие критериуми кои го добија името Пакт на стабилност и еврото беше лансирано во 1999 година за финансиските трансакации а во 2002 година дојде и во џебовите на граѓаните на 12 држави кои влегоа во еврозоната.

Според тогашните политичари, еврото требаше да донесе еден вид “шок на интеграција” и да ја доведе ЕУ и до се поголема политичка интергација.

Грчката лага


Грчко евро

Приказната тргна според правилата. Членките на ЕУ се согласија за трансфер кон ЕУ на дел од сувереноста на земјите членки. Сепак, во чувствителните области како даноците, судската и полициска соработка, имиграцијата, правото на азил или борбата против тероризмот, комптенциите на ЕУ останаа лимитирани. Земјите членки се слободни да ги определуваат нивните политики во тие области.

Во тој период многумина беа уверени дека со еврото ЕУ ќе се претвори во еден вид Европски соединети држави. Тој оптимизам им овозможи на финансиските пазари на земјите членки на ЕУ да им даваат кредити без проблем.

Сето тоа одеше како подмачкано до моментот кога се откри грчката лага: Атина ги излажала своите партнери и го намалила за три пати износот на својот дефицит кога го поднесувала извештајот за исполнување на критериумите за влез во еврото. Финансиската криза од 2008 година и откривањето на грчката лага донесоа паника во финансиските пазари кои почнаа да ги заоструваат своите услови за кредити. Најсиромашните земји повеќе не можеа да земаат заеми и финанските пазари почнаа да ги “напаѓаат”.

Досега не стана јасно дали другите членки на еврозоната знаеле за грчката лага и одлучиле да ја толерираат или пак биле едноставно излажани и наивни.

Што понатаму?


Извештај на Јункер, Шулц, Дајселблум, Драги и Туск

За да не го наруши еврото, еврозоната одлучи да креира инструменти за да им помогне на земјите кои беа финансиски нестабилни и задолжени. Помеѓу тие инструменти, кои ја зајакнаа еврозоната во финансиската криза, е и Европскиот механизам за стабилност кои има финансиска способност за кредити од 750 милијарди евра. Според експертите, со ова еврозоната се зајакна и побара од сите членки да ја почитуваат финансиската дисциплина како и мониторинг на нивната национална политика во таа област. Мониторинг го врши Европската централна банка (ЕЦБ) и се труди да ги открие сите можни лаги на националните власти за да не се повтори грчкиот случј.

Сепак, и покрај сите напори, ЕУ се уште не е политичка унија во вистинскиот смисол на зборот. Според последниот заеднички извештај на претседателите на Европската комисија, Европскиот парламент, на Еврогрупата, на Советот на ЕУ и на ЕЦБ Жан-Клод Јункер, Мартин Шулц, Јерун Дајселблум, Доналд Туск и Марио Драги, ЕУ треба да креира вистински федерален орган кој ќе врши демократска контрола врз ЕК и Еврогрупата преку Парламент на еврозоната, зајакнат мониторинг на економиите и националните буџети и создавање на буџет на еврозоната за да се убалажат макро-економски шокови. Накусо, за вистинска политичка и економска унија потребно е да се стават под контрола националните економски политики кои сега се заложници на внатрешната политика на земјите членки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.