Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сеќавање на војната во Босна

0
By Сашка Цветковска on April 6, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 6, 2013 16:41


Ова се случуваше во задниот двор на Европската заедница што веројатно ќе остане запаметено како најголемиот срам на нашиот континент во новата историја

Снимај, снимај сега се….душмани – овие извици се слушаа на петти Април 1992 година, на мостот во Сараево измешани со рафалите од пушкомитролези додека куршуми прелетуваа над главите на луѓето собрани во центарот на градот барајќи мир.

Тој ден пред Собранието се собираат неколку илјади граѓани, млади и стари, со намера да ја испратат својата порака дека тие само сакаат мир. Српските сили најпрво им одговараат со барикади на Грбавица, но потоа следуваат и куршуми за мирните демонстранти.

По првите пукања на мостот ќе останат да лежат тројца тешко повредени луѓе. Последните зборови на Сауда Дилберовиќ пред да го испушти здив ќе бидат “Зарем ова е Сараево?” Олга Сушиќ не кажува ништо и умира на пат до болница. На неколку метри од нив лежи и повредениот во стомак Миомир Вучијак. Бладајќи го изговара името на неговата внука родена пред шест месеци. Таа ноќ и тој ќе умре во болница.

Шести април, денот кога Европската заедница ја признава независноста на Босна и Херцеговина се смета за почеток на војната и четиригодишната опсада на Сараево. Многу Сараевчани тој ден ќе го паметат додека се живи. Опсадата во градот трае точно 1.425 дена. Просечниот број на гранати кои паѓаат дневно врз градот е 329. Рекордот на фрлени гранати во еден ден е 3.777 на 22 Јули 1993.

Театарот во Сараево не престанува со работа ниту еден ден за време на долгата опсада. Ниту една претстава не е откажана дури и во најтешките услови и среде најстрашните бомбардирања – тој останува своевиден симбол на отпорот на сараевчани да не го дадат својот град.

Војната во Босн и Херцеговина е една од најкрвавите војни во поновата историја на светот. Околу половина милион луѓе загинаа на крајот на 20 век, среде Европа.
На социјалните мрежи жител на Англија постирајќи видео од ужасите во Босна, по повод 21 година од почетокот на војната, денес ќе напишe:“ Сликите се помоќни од зборовите. Токму ова се случуваше во задниот двор на Европската заедница што веројатно ќе остане запаметено како најголемиот срам на нашиот континент во новата историја ”

Делови од текстот се превзмени од босанското државно радио. Во видеото можете да ги погледнете снимките направени од тогашната телевизија Јутел која зрачи на целата територија на поранешна Југославија, а кои се направени на 5 Април, 1992 година или на самиот почеток на војната.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.