НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Затворено писмо до Жерновски

0
By Нова ТВ on April 23, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Затворено писмо до третпат новоизбраниот градоначелник на Центар

Здраво Жерновски. 

Јас сум, јас сум… да, бе да. Баш сега те гледам, те избрале пак. Тоа е убаво, така и си мислев, ама… имам замерка. Што го влечеш оној Би Си со тебе, што се бламираш… мислиш не може да има и четврт круг? Тој не е многу омилен, знаеш. Па уште се развикале: Андреј! Андреј! Бранко! Бранко! Ти си Жерновски, не си Бранко? Друго, па нели цел ден по медиумиве трубат дека има нерегуларности? И ќе кажат овие откај Бакалот што се: Оп, како за нив – така и за нас. Нерегуларности – нерегуларности. Пу-пу не важи. Прашај ги „Цивил“. Тие најдоа 300 незаконити работи. Толку за тоа. 

Сега, со Тодоровиќ, немој да се мразите… било што било… гледај да правиш муабет со него, и да си викате „Добро утро… добар ден“. Не е толку тешко. И, мора да го прашаш една работа, оти тој знае, а ти не знаеш. Прашај го да ти каже, каде спие оној инфантилниот Џин, што му ставија толку играчки на плоштад да си игра… најди го, дај му да си избере кои фигури му се најубави, што сака нека си земе, и од оние што се прават спакувај му, и испрати го негде во странство… нека прават таму детска соба или дворче за џинот, нам ни е доста. А вртелешката нека остане. Мала му е и онака. 

Така. Толку за денес. 

Ај, остани со здравје. Ако има четврт круг – пак ќе ти пишам. 

Поздрав, Тихомир. 

п.с. строго забрането да се објавува на кој и да е од порталите.

Почитуван сограѓанину, и почитувана сограѓанке:
Имајќи ги предвид новопоставените споменици, како и тенденцијата кон споменичарство која во метрополата и натаму расте, и со оглед на новите општествени потреби како и на новиот блескав и победнички дух на времето во кое живееме, на мнение сум монументално, да се отворат нови факултети, како и отсеци на веќе постоечките, со следниве предмети: 1) Производство на бронза, 2) Вајарство и 3) Леење. Таму е иднината. Не давај времето да те прегази! Постои голем, огромен недостиг од овие кадри, бидејќи петогодишниот план предвидува ширење на оваа „слатка зараза“ од Скопје во другите градови ширум републиката, но и во соседните земји. Порачки веќе пристигнуваат од Белград, Софија, Тирана и Атина. Еднаш нешто да започне и од тука. Се предвидува „бронзената треска“ наскоро да ги напушти границите на матичната држава, и да ја освои и цела Европа, а набрзо потоа и планетата. Преиспитајте се и пријавете се. MАКЕДОНИЈА МОЖЕ! МОЖЕШ И ТИ! БИДИ ВАЈАР! БИДИ МАКЕДОНИЈА!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.