Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Абазовиќ: Ќе направам сè за да не постојат „две Црни Гори“

0
By Ivana on February 8, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новата влада на Црна Гора мора да има 7-8 јасни задачи, меѓу кои најважни се деблокирањето на европскиот пат и подготовките за новата туристичка сезона, вели потпретседателот на црногорската влада Дритан Абазовиќ во интервју за Дојче веле.

– Црногорското општество се уште е поларизирано, оцени Абазовиќ, вицепремиер во техничкиот мандат и веројатно иден мандатар за новата влада.

Според неговата желба, Црна Гора треба да биде целосно подготвена за пристапување во Европската унија до 2025 година.

Абазовиќ оценува дека во 14-те месеци од владата на Здравко Кривокапиќ се иницирани многу позитивни работи како борбата против организираниот криминал и корупцијата и дека во тој дел се постигнати конкретни резултати. Тој нагласува дека промените во јавната администрација се постепен процес и тврди дека веќе се појавил „нов бран на луѓе“.  – Тука сме да покажеме дека е можна социјална кохезија, рече Абазовиќ, нагласувајќи дека ќе направи сè за да не постојат „две Црни Гори“.

Тој порача дека новата влада на Црна Гора мора да има од седум до осум јасни задачи, меѓу кои најважни се деблокирањето на европскиот пат и подготовките за новата туристичка сезона.

Според Абазовиќ, овие задачи се многу специфични, јасно диференцирани и решливи, особено ако Црна Гора „победи во позитивна смисла“, стане единствена и решава работи што се во интерес на огромното мнозинство граѓани.

– Минатата влада немаше поддршка од функционален парламент и функционално парламентарно мнозинство. Тоа сега треба да се одблокира. Но, не со одржување нови избори без изборни реформи, рече Абазовиќ.

Тој истакна дека е крајно време да се излезе од, како што наведе, примитивната перцепција на политичката реалност.

Коментирајќи ги обвинувањата дека работи за некои странски фактори, како Србија и слично, рече дека тоа е реторика на оние кои сакаат поделба на Црна Гора. Абазовиќ додаде дека себеси се гледа како политичар кој „излегол од матрицата“.

– Ја поразивме Демократската партија на социјалистите (ДПС) на 30 август и мора да ги изградиме институциите на системот, потенцира Абазовиќ. Според него, ДПС го „копирала“ начинот на владеење во многу институции и фирми, што сега треба да се надмине.

Абазовиќ рече дека ставовите дека Црногорците и Србите не можат да функционираат заедно во државата се дел од матрицата.

– Стојам зад тезата дека корупцијата и организираниот криминал стојат зад секој национализам на Балканот, истакна Абазовиќ во интервјуто за Дојче веле. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.